Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октомври 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар.

Објавил: Владо Марин | 29 август, 2021 11:01

Во вторник истекува рокот за пријавување за 2.400 денари субвенциониран студентски оброк

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 31 август, вторник, истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк наменет за сите редовни студенти на државните и приватните универзитети во државата.

Ги повикуваме тековните студенти, денеска и утре да го завршат пријавувањето, за да може првата уплата во износ од 2.400 денари, да ја добијат на почетокот на октомври годинава.

Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октомври 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар.

Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува електронски преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Според проценките на МОН, очекуваме ова право да го искористат околу 40.000 студенти.

До сега за користење на субвенционираниот студентски оброк пријавени се 15.627 студенти.

Наша обврска е да ги пресретнеме потребите на младите. Воведувањето на субвенционираниот студентски оброк, нови стипендии и зголемените износи на постојните се одговор токму на барањата на студентите кои ги исполнивме за краток период. Младите мора да бидат задоволни од грижата на државата кон нив и од можностите кои им ги обезбедува за остварување на личните и професионални цели. Само на тој начин ќе бидат доволно мотивирани да останат во сопствената земјата и да го реализираат својот потенцијал, што ќе значи и придонес кон севкупниот општествено економски развој. Затоа министерството преку работната група МЛАДИ -МОН продолжува со директна вклученост на младите да креира политики и мерки кои се во интерес на студентите и учениците.

МОН

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

За оваа намена се издвоени 127,5 милиони денари од буџетот на Министерството. Дополнително, како што соопшти МОН, за уште седум договори во вредност од 53,7 милиони денари, се чека банкарска гаранција.

– Поконкретно, основното училиште „Александар Турунџев“ во Кукуречани, општина Битола, со целосната реконструкција ќе добие нов изглед и одлични услови за изведување настава. Договорена е и изградба на објект за подрачното училиште во Лешница, општина Желино „Луис Ѓуракуќи“. За изведување на градежни работи за реконструкција и адаптација на објектот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Жировница во општина Маврово-Ростуше се наменети 6,9 милиони денари, а реконструкцијата на фасадата и кровот како и санитарни јазли во основното училиште „Панко Брашнаров“ во Велес чинат 11,9 милиони денари, наведуваат од МОН.

Во Кочани, во основното училиште „Никола Карев“, посочија од Министерството, ќе се изврши реконструкцијата на кровот и фасадата, како и адаптација на тоалетите и изградба на пристапна рампа, додека музичкото училиште „Ристо Јуруков“ ќе добие тоалети за лица со посебни потреби а ќе биде реконструиран и кровот.

– Објектот на основното училиште „Карпош“ во Умин Дол, Куманово, ќе биде реконструиран и адаптиран, за што од буџетот на МОН се наменети 7,1 милион денари. Подобри услови за учење ќе добијат и основците од село Радибуш во општина Ранковце, каде ќе се изведе комплетна реконструкција на училишната зграда на „Х.Т. Карпош“, што не е обновена од изградбата, пред повеќе од половина век, се вели во соопштението.

Реконструкција на кров, додаваат, ќе се изврши на основното училиште „Св.Климент Охридски“ од општина Македонски Брод, а за училиштето „Симче Настовски“ од Вратница, општина Јегуновце, склучен е договор за реконструкција на кровот на стариот објект и на фасадата и котларата и на стариот и на новиот објект. Во општина Крушево, основното училиште „Никола Карев“ ќе добие реконструкција на кров и на фискултурна сала.

Реконструкција на подови, поставување на топлотна изолација на надворешна фасада, реконструкција на санитарни јазли и изградба на тоалет за лица со посебни потреби ќе се изведе во основното училиште „Димитар Поп Беровски” во општина Ѓорче Петров. Ќе се реконструира и објектот на основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода, а во општина Бутел ќе се изврши реконструкција на подот во фискултурна сала и на придружните простории во основното училиште „Живко Брајковски“.

И во средното општинско училиште во Куманово „Перо Наков“ ќе се изведе реконструкција и адаптација на столарија, термоизолација на фасада и адаптација на тоалети, за што од буџетот на МОН ќе се исплатат 10,5 милиони денари. Од Министерството велат дека ќе следи и рехабилитација на двете средни општински училишта „Јане Сандански“ од Битола и „Јовче Тесличков“ од Велес.

– Со околу една милијарда денари предвидени за капитални инвестиции во тековната 2021 година, МОН плански вложува во подобрување на условите за учење и работа на учениците и наставниците. При тоа, услов за да се добијат буџетски средства од МОН е објектот да е пристапен за лица со попреченост, или со проектот да се овозможува пристап, затоа што обезбедувањето квалитетно образование значи и обезбедување услови за инклузивно образование, се наведува во соопштението.

МОН: Над 181 милион денари за капитални инвестиции само во ноември и декември

Министерството за образование и наука (МОН) во последните два месеца инвестираше 181...

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк.

Во тек е пријавувањето на бруцоши за сместување во државни студентски домови за студиската 2021/2022 година

Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани...