Ова ќе биде прва средба на премиерите на двете земји, откако по изборите во Грција на почетокот на јули годинава, имаше промена на власта кај јужниот сосед.

Објавил: Перо Милчин | 21 септември, 2019 17:03

Во вторник, на 24 септември во Њујорк, прва средба на ЗАЕВ И МОЦОТАКИС!

Фото/Текст извор: ©миа

На маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во вторник, на 24 септември, предвидена е средба на Зоран Заев со Кирјакос Мицотакис, според грчки извори, jави дописничката на МИА од Атина.

Ова ќе биде прва средба на премиерите на двете земји, откако по изборите во Грција на почетокот на јули годинава, имаше промена на власта кај јужниот сосед.

Кирјакос Мицотакис утре заминува за Њујорк, каде што ќе присуствува на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации, а освен со премиерот Заев, според информациите од Атина, предвидено е да оствари билатерални средби и со претседателот на САД, Доналд Трамп и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и со претседателите на Србија, Косово, Кипар, Грузија и Колумбија и со премиерите на Албанија, Австралија, Индија и Ерменија, но и со Генералниот секретар на ОН.

Во петок на 27 септември грчкиот премиер ќе има обраќање на Генералното собрание на ОН.

Во грчката делегација што ја предводи премиерот на земјата, се и министерот за надворешни работи Никос Дендиас, заменикот министер под премиерот и владин портпарол Стелиос Пецас, заменикот МНР надлежен за економска дипломатија, Костас Франкојанис и заменикот МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Јанушев вели дека информациите до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ,   говорат дека СДСМ и Заеви практично манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадоа нова рекет машинерија преку која се собираат пари од бизнисмени кои сакаат да одгледуваат канабис.

ВМРО ГО ОБЕЛОДЕНИ СКАНДАЛОТ- Марихуаната на Заеви се продава на црно во Македонија

Како што ветивме пред некој ден, денес ќе имате можност да ја дознаете целата вистина...

Тој нагласи дека според сознанијата во предлогот се предвидува поглавјата да бидат групирани во кластери, по неколку слични поглавја во еден кластер.

Османи: Охрабрувачки се зборовите на Вархеји за новата методологија на ЕУ

По посетата на еврокомесарот Оливер Вархеји во Македонија, вицепремиерот за евроинтеграции...