Во Македонија и Србија

Објавил: Калина Мартинска | 2 февруари, 2025 20:25

Во голема акција на МВР пронајдена печатница за фалсификувани евра и долари

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Широка полициска акција се одвива за откривање и запленување на фалсификувани пари, која ја спроведува Министерството за внатрешни работи преку Бирото за јавна безбедност во соработка со српското Министерство за внатрешни работи и со ЕВРОПОЛ.

Повеќе детали за акцијата изнесуваат српските претставници како и министерот за внатрешни Ивица Дачиќ кој информира дека во акцијата со кодно име Вардар запленети биле меѓу 300 и 400.000 фалсификувани евра.

Во Србија биле уапсени 6 лица членови на криминална банда поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело фалсификување пари, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Лицата биле од Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица..

Машината за печатење пари била во МАкедонија а е веќе пронајдена заедно со неколку стотици илјади фалсификувани евра и долари. Српското МВР известува дека акцијата продолжува.

Претходно, во Македонија во акцијата „Вардар“ запленети меѓу 300 и 400.000 фалсификувани евра, кажа српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Во Србија уапсени се шест лица членови на организирана криминална група поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела – фалсификување пари, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Министерот Ивица Дачиќ рече дека полициските службеници на Службата за борба против организираниот криминал, во соработка со полициските службеници од С. Македонија и Европол, во рамки на големата акција под кодното име „Вардар“, а по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал денеска на територијата на Србија (Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор, Суботица) уапси вкупно шест лица.

Се вршат претреси на повеќе локации, досега се запленети околу 180.000 фалсификувани евра во апоени од 50, 100 и 200 евра.

Во претходниот период при работата запленети се околу 120.000 фалсификувани евра, што е вкупно околу 300.000 фалсификувани евра.

„На територијата на Македонија запленети се меѓу 300.000 и 400.000 фалсификувани евра и пронајдена машина за печатење фалсификувани пари. Во тек е натамошна акција“ – додаде Дачиќ.

Македонските власти не дадоа повеќе детали, освен дека се спроведува акција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести