Оваа провинција, во претходните години била погодена од повеќегодишна суша.

Објавил: Сара Фемина | 6 април, 2019 12:05

Во големи поплави во Иран загинаа најмалку 70 лица!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Иранските власти соопштија дека најмалку 70 лица загинаа во големите поплави кои ја зафатија југозападната провинција Кузестан во Иран.

Министерот за внатрешни работи, Абдолреза Рамани Фази изјави дека околу 400.000 лица се загрозени и изложени на евакуација во оваа провинција, која брои околу пет милиони жители. Во девет градови и десетина села се евакуираат жителите, јави „АП“.

Оваа провинција, во претходните години била погодена од повеќегодишна суша.
Загрозените жители на Кузестан, спасувачките екипи ги пренесоа до три воени касарни а исто така се згрижени и во најблиските засолништа.

Иранската Влада исто така пред два дена нареди евакуација на 70 села поради опасност од поплави во провинцијата Кузестан која е богата со нафта.
Селата се наоѓаат во близина на реките Дез и Карке.

Најмалку 47 лица загинаа во последните две недели во поплавите кои, поради најобилните врнежи во последните 10 години погодија повеќе ирански провинции, од северот до југот на земјата.

Во неколку провинции е прогласена вонредна состојба, а десетици илјади луѓе мораа да се евакуираат.
Властите во Техеран апелираа на граѓаните да не се доближуваат до реките и областите во близина на брани. Обилните поплави погодија најмалку 26 од 31 провинции во Иран од почетокот на врнежите на 19 март.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според неа, по раѓањето, бремената жена била вратена во респиратор и во моментов е во стабилна состојба. Таа има билатерална пневмонија, но, како што дознаваме, таа беше негативна на тестовите цело време.

ГОЛЕМА ТАГА ВО СРБИЈА: Се породи бремена жена која беше на респиратор, бебето почина!

27-годишна трудница од околината на Ниш, која со денови е на респиратор поради сомнение...

Дајан. Д. (26), кој беше во „Ауди“, се бори за својот живот во КК Крагујевац, додека тројца пак други млади се здобија со сериозни повреди.

Три семејства завиени во црно: Тешка несреќа ја потресе Србија- човекот си го погребува другиот син кој настрада во сообраќајка (ФОТО)

Во тешка несреќа помеѓу два автомобили кај Нови Пазар загинаа Демир Смајовиќ (22), Алмир...