Жителите на областа Голо Брдо во Албанија зборуваат на македонски дијалект. Ова е стручно и научно разработено и само ја потврдува вистината дека говорот од оваа област ја зачувал својата посебност

Објавил: Македонка Димкин | 23 септември, 2023 22:33

Во Голо Брдо Албанија се зборува на Македонски јазик

Фото/Текст извор: ©сакам да кажам

ЖИТЕЛИТЕ НА ГОЛО БРДО СО ГОРДОСТ ВЕЛАТ ДЕКА ЗБОРУВААТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ВЕЛИ ДИЈАНА ПЕТРОВСКА ПО СВОЕТО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ОВАА ОБЛАСТ ВО АЛБАНИЈА

Жителите на областа Голо Брдо во Албанија зборуваат на македонски дијалект. Ова е стручно и научно разработено и само ја потврдува вистината дека говорот од оваа област ја зачувал својата посебност, коегзистирајќи на дијалектно рамниште. Минатата година, Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки – македонистика, изврши теренско истражување во областа Голо Брдо.

Посети неколку села, контактираше со голем број мештани и направи текстуални и аудиозаписи од истражувањето кои се објавени во 2022 во монографијата „Голобрдскиот говор“.

„Голо Брдо е претежно планинска област која се наоѓа во источниот дел на Албанија, односно југозападно од Дебар. Во областа Голо Брдо спаѓаат 21 село. Тие не се многу големи, ако се има предвид бројот на куќите. Овие куќи во најголем дел од годината се празни. Основни занимања на населението се земјоделството и сточарството, а мажите масовно работат како ѕидари и дрводелци по целиот Балкан, главно, во Албанија, Грција и Хрватска, но печалат и во Италија и Германија. Селата живнуваат по мај, а најмногу народ има во летниот период, особено во август, кога се прават свадбите кои траат неколку дена. Жителите на Голо Брдо во последните години живеат под постојан општествено-политички и економски притисок, фактор што придонесува за раселување. Кога зборуваме за говорот на жителите од оваа област, тој спаѓа во западните периферни македонски говори и ги содржи сите карактеристики на македонското западно наречје. Голобрдскиот говор е зачуван и неизменет долги години. И ден-денес, повозрасните мештанки знаат да го говорат само нивниот мајчин јазик, голобрдскиот, а не го разбираат и не го говорат државниот, албански јазик. Причината е едноставна, тие не посетувале училиште ниту еден ден. Помладите го учат албанскиот јазик во школо, но дома го зборуваат и негуваат голобрдскиот говор. Телевизија следат на македонски јазик“, вели Петровска.

При теренското истражување, Петровска голема поддршка добила од Никола Ѓурѓај, претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Елса Џелили, координаторката на друштвото за округот Елбасан и од Сабина Џелили, која и претходно работела на слични проекти поврзани со транскрипција на дијалектни говори.

Македонското идентитеско знаме може често дасе види/ Фото СДК

„Историски гледано, голобрдскиот говор се формирал на поширок простор по левата страна на реката Дрим. Ја опфаќа географската област Голо Брдо. Во својата основа, тоа е дебарски говор. Во потесна врска стои со централната говорна област (Поле, Жупа, Малесија), со која граничи на север и исток. Но, во него наоѓаме и особености кои во другите околни говори се непознати и кои го карактеризираат како посебна дијалектна индивидуалност. Говорот на селото Требиште имаше централно место во нашите истражувања. Одејќи накај ова село по тесни и неасфалтирани патишта, неколкупати заталкавме, па моравме да се враќаме назад. Попат ги прашувавме луѓето за патот. Ги прашувавме на македонски јазик, а нивните одговори беа на преубав местен македонски говор. Требиште е прекрасно село оддалечено десетина километри од границата, а го сочинуваат три маала, Горна Маала, Долна Маала и Она Маала, односно при брз разговор Гурну Мала, Дулну Мала и Уну Мала“, вели Петровска.

Голо Брдо е една од најсиромашните и најмалку развиени општини во Албанија. Комуникацијата со другите региони е крајно отежната поради лошите патишта, па телевизијата останува најчест облик на информирање и најмногу се гледаат македонските програми.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...