Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до Комисијата не било пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 или во изолација

Објавил: Сара Фемина | 14 ноември, 2021 9:06

Во Дебар правото на глас денеска го остварија 60 болни и изнемоштени лица

Фото/Текст извор: ©магазин

Во Дебар денеска гласаа болни и изнемоштени лица, пред утрешниот втор круг од изборите за градоначалник, пишува Сител!

Правото на глас денеска го остварија 60 лица, две не гласаа, додека едно не беше запишано во избирачкиот список. Станува збор за 40 лица повеќе од првиот изборен круг, кога гласаа 20 болни и изнемоштени, изјави Јованка Јосифовска, потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар.

Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до Комисијата не било пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 или во изолација.

Во единствениот избирачки список во оваа општина се запишани 19.211 лица, а утре ќе се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.

Според Јосифовска, изборниот материјал е веќе распределен, избирачките одбори се обучени за начинот на гласање и се очекува утрешниот изборен ден да мине без проблеми. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Поради пандемијата, бројот на пријавени граѓани кои влегоа во водите беше ограничена на 20-тина, а по претходен договор меѓу капачите, немаше традиционало скокање по крстот, туку сите заедно и прегрнати до дочекаа положувањето на крстот.

ГРУПНО ФАЌАЊЕ НА КРСТОТ ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАР ВО СКОПЈЕ

По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода” кај х. Холидеј ин...

Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар.

Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед! Министерството...