Сензација. на африканскиот континент се отвори фабрика која отпадот го претвора во зелена енергија, чиста вода и тули за градење. Фабриката Reppie Facility е лоцирана во Етиопија и согорува 1.400 тони отпад дневно. Со енергијата што се добива притоа се снабдуваат 25% од домаќинствата во главниот град Адис Абеба, односно речиси 3 милиони луѓе.
Истовремено, ќе се отворат стотици работни места. Долги години Коше била единствената депонија во Адис Абеба, но како што растел градот растела и депонијата се додека не достигнала површина од 36 фудбалски игралишта. Илјадници луѓе претурале по депонијата, честопати во опасни услови. Во 2017 година се случи лизгање на земјиште на депонијата, кое уби 114 луѓе.
Процесот на претворање на отпадот во енергија е многу едноставен. Отпадот се согорува во посебна комора. Со топлината која се добива се загрева вода, а пареата која се ослободува ја придвижува турбината на генератор кој создава струја.
Но, фабриката нема да произведува само струја. Од пепелта која ќе останува по горењето ќе се произведуваат 3 милиони тули, а ќе се добиваат и 30 милиони литри чиста вода. Сопствениците на фабриката велат дека претворањето на јаглерод диоксидот од градот во енергија е еднакво на засадување 900.000 дрвја годишно.
Фабриката ја изгради младиот Самуел Алемајеху, еден од членовите на Групата млади глобални лидери на Светскиот економски форум во 2018 година.
Базел-Швајцарија. Уште во 1942 година, во Базел е изградена првата фабрика за согорување на отпадот (КВА) за да се искористи енергијата од отпад. На почетокот на 1999 година се става во сила тековната КВА Базел. Базелската постројка за согорување на отпадот гори околу 210.000 тони отпад годишно и ја создава топлината, пареата и произведува електрична енергија од него. Севкупната ефикасност, односно процентот на корисна енергија добиена од отпадот, е нешто под 80%, што е врв во Европа. Со 200 км, Базел ја има најголемата мрежа за централно греење во Швајцарија, при што речиси половина од потребната топлина доаѓа од постројката за согорување на отпад.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.