
Живот
Религија
Во соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул се одвива заедничката литургија на која ќе сослужуваат архиепископот охридски и македонски Стефан и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
На литургијата присуствува и владина делегација која ја предводи премиерот Димитар Ковачевски.
На свечениот чин присуствуваат и верници од Македонија. На заедничката литургија и претходеа вечерната богослужба во ставропигијалниот манастир „Балаклија” во Истанбул по повод споменот на Светите Апостоли Вартоломеј и Варнава и празникот на иконата на Мајката Божја „Достојно ест” во четвртокот, по која патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, како и празничната Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј Победоносец” по повод именденот на вселенскиот патријарх во петокот, на која молитвено присуствуваа и членовите на нашата црковна делегација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.