
Спорт
Тенис
Како што пренесе српски Телеграф, најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ предмалку бил одбиен за виза во Австралија и со тоа ќе биде депортиран назад во Србија!
Ѓоковиќ во текот на денот пристигна во Мелбурн, но не му беше дозволено да влезе во државата, туку остана во „притвор“.
Србинот доби исклучок од австралиските власти за настап на Австралијан опен, но не може да влезе во Австралија поради административна грешка.
Одземан му е мобилниот телефон, а неговиот татко Срѓан кажа дека против него се однесуваат како криминалец.
„Не знам што се случува, ми го држат синот како затвореник. Ова е борба за слободен свет. Ова не е борба само за Ноле, туку за цел свет. Ако не го пуштат за половина час, ќе излеземе на улица“, кажа Срѓан.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека се слушнал со Новак Ѓоковиќ и српските власти преземаат сè што имаат на располагање за случајот да се реши.
„Само што завршив телефонски разговор со Новак Ѓоковиќ. Му кажав на нашиот Новак дека цела Србија е со него, и дека нашите органи на власт ги преземаат сите мерки за малтретирањето на најдобриот тенисер во светот во најбрз можен рок да биде прекинато. Во согласност со сите норми на меѓународното јавно право Србија ќе се бори за Новак Ѓоковиќ, за правда и вистина. Инаку Новак е силен, таков каков што сите го познаваме“, соопшти Вучиќ преку социјалните мрежи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.