Пратката со вакцините ја прими министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин.

Објавил: Перо Милчин | 7 март, 2021 15:14

ВО ЖИВО: Првата пратка со 3.000 вакцини „Спутник V“ пристигна во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првата пратка од 3.000 вакцини „Спутник V“ кои Министерството за здравство ги купи пристигнаа во Македонија преку компанијата „ДХЛ“.

Пратката со вакцините ја прими министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин.

До крајот на овој месец, се очекува да стигнат вакцини и од други производители:  кинеската „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Фајзер“. Нарачани се над 2 милиона вакцини.

Првата пратка од 3.000 вакцини „Спутник V“ кои Министерството за здравство ги купи пристигнаа во Македонија преку компанијата „ДХЛ“.

Но, само 120.000 граѓани се пријавиле досега за имунизација.

„Спутник“ ќе се чуваат на температура од минус 18 степени. Вакцинирањето ќе биде во здравствените домови. Почнува од среда.
Бројот на пациенти заразени со КОВИД-19 во земјава и натаму е во пораст.
Зголемен број на пациенти има во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Охрид. Во изминатото деноноќие се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи со КОВИД-19. Починати се 11 лица, сите во болнички услови, а оздравени се 333 пациенти, од кои 115 се од Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија.

Бубрегот од починатата девојка трансплантиран кај 27-годишен пациент, во тек втората трансплантација

Претпладнево на Клиниката за урологија е извршена операција за трансплантација на...