
Свет
Балкан
По вчерашниот земјотрес кој ја погоди Албанија двете биле однесени во болница, но набрзо дознала дека нејзината ќерка не успеала да преживее по повредите кои ги добила и починала.
Диана починала само неколку часа по смртта на својата ќерка. Откако дознала дека нејзината ќерќа починала заедно со уште над 28 лица по страшниот земјотрес во Албанија, таа не можела да издржи и срцето и тага по своето чедо умрела само по неколку часа.

Иако вчера од Албанија пристигнаа многу тажни вести, оваа можеби е најтажната која пристигна од порталот DurresLajm кој прв ја објави веста за Диана која останала без својот сопруг во 2015 година а вчера го загубила и своето чедо во катастрофалниот земјотрес.
По целата болка нејзиното срце престана да чука, беше објавено во DurresLajm.
Ќерката на Диана Мечај Караџа која имала само осум години се здобила со тешки повреди од урнатините на куќата во која живееле а заедно со нејзината мајка се најдоа под урнатините на шестокатницата во Драч. Во 2015 година Диана го загубила својот сопруг а тогаш му напишала емотивна порака.
Секогаш сум мислела дека Бог ми даде многу среќа, дека имам пријатели, и сопруг како мојот Дорис, но животот очигледно е тест. Многу ми недостасува- напишала Диана по неговата смрт.
Сега животот повторно и одзеде нешто најдраго, нејзината ќерка. Од тага по неа само два часа по смрртта на малото девојче Диана починала.
Набрзо почина и таа бидејќи срцето престана да и чука од болка по ќерка си ..
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.