Со последните измени на Статутот уште повеќе ја демократизиравме партијата, го зајакнавме учеството на младите и жените во органите и телата на СДСМ. Воведовме етички кодекс и нов мерит систем на функционирање на партијата, со што се мери успешноста на секој назначен функционер.

Објавил: Сара Фемина | 17 мај, 2021 6:00

Во изминатите 4 години СДСМ промени се во државата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во изминатите 4 години #СДСМ се промени, особено во начинот на работа и функционирање, за уште поголема демократизација на партијата. Ја отворивме партијата за сите кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и кои се подготвени да работат за доброто на државата и граѓаните, изјави на 26 конгрес, премиерот Зоран Заев!

Со последните измени на Статутот уште повеќе ја демократизиравме партијата, го зајакнавме учеството на младите и жените во органите и телата на СДСМ. Воведовме етички кодекс и нов мерит систем на функционирање на партијата, со што се мери успешноста на секој назначен функционер.

Денес социјалдемократското семејство брои над 80.000 членови и постојано расте. Мрежата на СДСМ расте, формирани се нови општински орг. и сме единствена партија која има локална организација во сите општини во државата. СДСМ е партија НА сите граѓани, партија ЗА сите граѓани!

Пред нас се бројни предизвици на секое поле. Започнува процес на нова политика, СДСМ ќе остане прв во промените. Следува најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во, почнувајќи токму од СДСМ.

Новата политика ќе се реализира преку пет клучни столбови:

1 – обновување на досегашната кадровска понуда на СДСМ, но без откажување од нашите луѓе.
2 – ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата и криминалот.
3 – охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови.
4 – градење на СДСМ за новото време, млад СДСМ, прв во промените.
5 – поттикнување, подигнување на мотивацијата на нашите граѓани.

За реализација на овие столбови, сметам на членовите на новото партиско раководство, но и на членовите, за СДСМ уште подобро да им служи на граѓаните и државата. Посветена, чесна работа кој носи напредок, развој и интеграција се вредностите од кои се водиме и ќе се водиме.

Заев рече дека СДСМ останува прв во промените.
Со таков пристап, СДСМ во наредните четири години ќе продолжи да биде одлучувачка сила која носи државнички одлуки и го движи македонското општество кон напредок, развој и интеграција.

Ја користам приликата да им се заблагодарам на сите од досегашното раководство, што дадоа придонес во успесите и на партијата и на државата.
Благодарност до мојата другарка Радмила Шекеринска што беше моја заменичка во најтешките години кога земјата ја извадивме на прав пат.

Продолжуваме заедно. Пред социјалдемократското семејство се нови успеси. Успеавме досега, а сега имаме нова обврска, повторно да успееме, за граѓаните, за државата, за иднината!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...