Со употребата на овој апарат се нуди дополнителен квалитет на здравствената услуга, додека пациентите кои имаат потреба од овие испитувања ќе имаат можност да ја користат експертизата на лекарите кои работат во оваа болница.

Објавил: Владо Марин | 29 јули, 2021 10:03

ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА СТАВЕН ВО УПОТРЕБА НОВ АПАРАТ SPECT-CT ГАМА КАМЕРА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со употребата на овој апарат се нуди дополнителен квалитет на здравствената услуга, додека пациентите кои имаат потреба од овие испитувања ќе имаат можност да ја користат експертизата на лекарите кои работат во оваа болница.  

Министерот Филипче оствари средба и со директорката на болницата д-р Билјана Гагачовска, на средбата  разговараа за предизвиците со кои се соочуваат  во секојдневното работење, за процесот на вакцинација, за пуштање во функција на одделот за онкологија кој ќе биде опремен со апарат за комјутерска томографија за симулација, кој е планиран да започне со работа на почетокот на следната година.Со  отворањето на одделот за онкологија ќе се олеснат условите за лекување на пациентите од овој крај.

Битолската болница може да се пофали и со висок опфат на вакциниран персонал помеѓу 75% и 80% , што  е одличен  знак дека персоналот во оваа болница е добро заштитен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Нови препораки има за трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници без оглед на возраста и кај сите со имунокомпромитирана состојба, рече Филипче кој појасни дека третата доза ќе биде од производителот Фајзер, а препорачливо е истата да се прими шест месеци по првите две дози

Филипче: Се препорачува трета доза од вакцината против ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека се...

Само со вакцинација, како што посочува Филипче, можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното.

Пристигнаа 110.612 вакцини на „Фајзер”

Денеска во нашата земја пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек”.  Пристигнатите...

Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани.

Вакцинацијата тече непречено, вакцинирани над 12 илјади граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска...