Таа изрази надеж дека Косово наскоро ќе се снабди и со хеликоптери, кои на ФСК ќе му послужат и за спасување човечки животи во вонредни ситуации.

Објавил: Владо Марин | 30 август, 2021 17:11

Во Косово пристигнаа 55 oклопни возила, донација од САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во најголемата косовска касарна, „Адем Јашари” денеска беше одржана свеченост по повод примопредавање на 55 оклопни возила, донација од Соединетите Американски Држави за Безбедносните сили на Косово (ФСК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателката на Косово Вјоса Османи по тој повод им се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден, на амбасадорот Филип Коснет, на американската армија и пред сé, како што нагласи, на американскиот народ, „кој се грижи Косово да ги развие своите дејствени воени капацитети паралелно со развојот на деморатскиот живот и вистинското функционирање на институциите во земјата”.

Овие возила, кои се карактеристични за тешки терени и имаат ефикасен отпор кон гранатите, ќе ви овозможат вашите дејствија во зачувувањето на мирот да ги проширите секаде каде што ќе се појави потреба од тоа, им порача Османи на косовските војници.

Таа изрази надеж дека Косово наскоро ќе се снабди и со хеликоптери, кои на ФСК ќе му послужат и за спасување човечки животи во вонредни ситуации.

– Се надевам дека дека идната фаза ќе опфти и хеликоптери, кои се многу потребни и кои ќе служат и за спасување човечки животи во вонредни ситуации и при природни несреќи, изјави Османи.

На свеченоста во приштинската касарна присуствуваа и премиерот Албин Курти и министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

По денешната акција на косовската полиција на четири локации во Косово, премиерот Албин Курти рече дека акцијата е во насока на спречување на нелегални активности, додавајќи дека нема да се толерираат криминалци и криминални групи.

Немири во Косово: Вучиќ се закани дека ќе ги згази косоварите

Александар Вучиќ пртетседателот на Србија, изјави денеска, за време на разговорите...

Според одлуката донесена на денешната седница на косовската Влада, исто така се скратува работното време на угостителските објекти, кои наместо до 22.30, во нардиниот период ќе можат да работат до 21 часот и 30 минути, и тоа само на терасите и со користење на 70 отсто од капацитетите.

Косово воведе полициски час, влез во земјата со тест или сертификат

По зголемениот пораст на бројот на починати и новозаразени од Коид-19 во последните...

Поранешниот командант на ОВК во областа Кошаре, Хисен Бериша, вчера изјави дека по Словенија и Австрија, Хрватска нуди кауција за обвинетите во Хаг.

Хрватска нуди кауција за Тачи и другите обвинети во Хаг!?

Хрватската државна службеничка Ермина Љекај Прљаскај изјави дека Хрватска го поддржува...