
Свет
Косово
Во Косово стапи на сила одлуката за замена на српските со косовски регистарски таблички “РКС”, а спрскиот претседател Вучиќ нареди спрската армија да биде во состојба на готовност.
Од денеска до 21 ноември ќе им се дели опомена на оние косовски грагани со возила што имаат таблички со почетните букви на градовите во Косово издадени од МВР на Србија. со барање да се изврши пререгистрација.
Од 21 ноември па во наредните три недели ќе се изрекуваат парични казни, а потоа до 21 април следната година ќе започне издавањето пробни таблички. По 21 април српските регистарски таблички ке бидат забранети. Неколку Срби веќе добиле опомена од косовската полиција..
Поради ситуацијата на Косово, војската на Србија е во состојба на готовност и подигнато е нивото на борбена готовност. Не можеме да бидеме опуштени, Србија е сериозна држава, преземна одговорност за сите можни проблеми истакна спрскиот министер за одбрана.
Финската премиерка Сана Марин ги повика Турција и Унгарија што поскоро да го одобрат барањето на Финска и Шведска за членство во НАТО. Унгарија и Турција се единствените две преостанати членки на НАТО кои сè уште не ги ратификувале барањата. Хелсинки и Стокхолм поднесоа барање за влез во НАТО во мај како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со приговори од Турција, која ги обвини дека се засолниште за терористички групи.
Делумната мобилизација во Русија е завршена. Мобилзирани се потребните 300 000 резервисти за борба во Украина, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, додавајќи дека за ставање крај на мобилизацијата не е потребен декрет на претседателот Владимир Путин.
А Руската армија продолќжува да ја уништува енергетскста инфтраструктура низ Украина додека украинските власти повикуваат Русија да биде исфрлена од Групата 20 и од Советот за Безбеднсот на ОН.
Денешните и вчераните ракетни наапди се одговор на Киев, за нападот со беспилотни летала врз руската флота на Црното Море порача рускиот претсдеател.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.