Македонија
Вести
Откако дојде струја попладнево продолжи судењето за случајот “Титаник 2” за нерегуларности во Државната изборна комисија (ДИК) во 2013-та година.
Но судењето продолжи со кавги меѓу адвокатите и обвинителите од СЈО околу теоријата за тоа што се вкрстени а што директни прашања за сведоците. Директните прашања според законот може да се поставуваат дури откако ќе се сврти еднаш кругот со сведоците а вкрстените прашања се поставуваат веднаш од исказот на сведокот на обвинителот.
Обвинителката Фатиме Фетаи приговараше и му ги оспори сите поставени прашања на адвокатот Боро Тасевски кој го брани Влатко Сајковски поранешен член на ДИК и еден од обвинетите. Се вмеша и адвокатот на Сашо Срцев Димитар Дангов но и тој најави вкрстено а постави директно прашање.
Стана и Љупчо Шврговски бранител на Сашо Мијалков и рече дека може од одговорот на веќе поставени прашања да се постават нови а не судијата на барање на обвинителот да не ги дозволува.
Обвинителот Гаврил Бубевски нервозен што се изгуби време на незнаењето што се директни а што вкрстени прашања се објаснуваше со Шврговски и во тој момент Фетаи го праша судот: “Зошто овде без даден збор од вас чесен суде колегата Шврговски стана и ни држи предавања на сите?”.
Тогаш стана другиот адвокат на Мијалков Петар Василев и кога Фетаи објаснуваше дека има право на приговор на прашањата од адвокатите тој ио кажа да престане да зборува бидејќи му се обраќа на судијата.
Судијата Огнен Ставрев го смируваш а Василев рече: “Па Фатиме скока!”
По ова Фетаи стана и му забележа на Василев дека “користи многу контаминиран речник”.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.