Цр­ков­ни­те ли­ца се сог­ла­су­ва­ат де­ка за Бад­ник тре­ба секој човек да е до­ма. Во се­ко­ја ку­ќа се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јануари, 2022 18:16

Во лепчето се става паричка за Бадник или Василица?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во се­ко­ја ку­ќа се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра. Си­те при­сут­ни во сво­јот дел од крав­ја­че­то ја ба­ра­ат па­ра­та и тој што ќе ја нај­де се сме­та за нај­среќ­ни­от во го­ди­на­та што прет­стои.

Во не­кои кра­и­шта од зем­ја­ва, аде­тот со кр­ше­ње­то на леп­че­то со па­рич­ка се пра­ви на Ва­си­ли­ца.
Цр­ков­ни­те ли­ца се сог­ла­су­ва­ат де­ка за Бад­ник тре­ба секој човек да е до­ма. Но, тие викаат леп­че­то со па­ри­че­то оста­ве­те го за Ва­си­ли­ца. Оби­ча­јот на Бад­ник да сед­не­ме на ма­са и да кр­ши­ме леп­че со па­рич­ка не е цр­ко­вен, ту­ку фолк­ло­рен оби­чај.

Во не­кои кра­еви од зем­ја­ва, пак, аде­тот со кр­ше­ње­то на леп­че­то со па­рич­ка се пра­ви на Ва­си­ли­ца. Единс­тве­но оправ­да­но пре­да­ние што цр­ква­та го ка­жу­ва се­ко­гаш е де­ка па­рич­ка­та се кр­ши са­мо на Ва­си­ли­ца и тоа е по­вр­за­но со жи­во­то­пи­сот на све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки. 

Та­му има ед­на случ­ка ко­га тој, ко­га до­а­ѓал ца­рот што са­кал да го раз­ур­не гра­дот, со­би­рал па­ри за да го под­ми­ти, на не­кој на­чин да го оми­ло­сти­ви да не го пра­ви тоа, да не им на­ште­ти на лу­ѓе­то – об­јас­ну­ва Отец Бо­бан од скоп­ска­та епар­хи­ја.
Спо­ред не­го, ца­рот за­ги­нал и не до­шол до гра­дот, по што све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки се ис­пра­вил пред ди­ле­ма­та ка­ко да им го вра­ти бо­гат­ство­то на лу­ѓе­то.
-А не да­вал се­кој исто. Тој на­ре­дил на град­ски­те фур­ни да за­ме­сат ле­бо­ви и да исту­ра­ат па­рич­ки, ка­де кол­ку ќе им дој­де. По Бож­јо чу­до, се слу­чи­ло кој кол­ку дал тол­ку и да му се вра­ти. Ток­му по­ра­ди тоа пре­да­ние ние ја од­бе­ле­жу­ва­ме се­ко­ја Ва­си­ли­ца со ста­ва­ње па­рич­ка во леп­че­то. Ние се се­ќа­ва­ме на чу­до­то што го на­пра­вил Бог пре­ку све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки – ве­ли Оте­цот.
– Ка­ква ка­те­го­ри­ја е сре­ќа­та?! Ме­не ќе ми пад­не па­рич­ка­та и јас ќе имам сре­ќа. Зо­што Бог би изд­во­ил не­ко­го да би­де по­сре­ќен од дру­ги­те за­тоа што ќе му пад­не па­рич­ка?! Јас сме­там де­ка тој оби­чај, кој е по­ве­ќе фолк­ло­рен откол­ку ре­ли­ги­о­зен и вер­ски, тре­ба по­ле­ка да уги­ну­ва за вре­ме на Бад­ник и да се пра­ви за вре­ме на Ва­си­ли­ца – до­да­ва отец Бо­бан.
Сепак на луѓето им останува да си го направат својот избор, дали лепче со паричка ќе има на Бадник или пак на Василица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Таткото на Новак Ѓоковиќ, побарал од Боба да инвестира 500.000 евра во младиот тенисер, односно неговата идеја била тој да добива по 15% од секој договор кој ќе го склучи Ѓоковиќ, но Боба ја одбил ваквата понуда велејќи дека таквата инвестиција нема смисла.

Боба Живоиновиќ не сакал да инвестира во кариерата на Ѓоковиќ- изгубил многу пари поради таа грешка

Боба Живоиновиќ, сопругот на познатата пејачка Лепа Брена, кој е поранешен српски...