Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари

Објавил: admin@magazin | 8 август, 2018 11:04

Во Македонија без работа 33 доктори на науки

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Хигиеничари на станбен и деловен простор е најбараната професија за вработување. Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари.

Меѓу најбараните се и продавачите за кои има објавено огласи за 366 вработувања, шивачите на текстил 220, келнери 193, возачи на такси 192, шивачи 165, општи работници 134, обезбедувачи 120, контролори на шиени и слични производи 99.

Се бараат и 99 програмери, 92 готвачи, 90 магационери, 77 административни службеници, 77 шанкери, 73 касиери, 58 возачи на камиони, 57 бравари, 51 ракувач со машина за пакување, 46 пекари, 44 администратори, 44 ракувачи со машина за печива, 40 работници во висока градба, 38 дистрибутери во малопродажба, 37 градежни работници и 35 помошници кувари.

Слободни работни места според податоците на Бирото за вработување се над 5.000.

Најмногу слободни работни места има во Скопје 3.516, следи Виница со 511, Кочани со 142, Куманово со 113, Битола со 107, Струмица со 105, Тетово 95 … 

Бројот на невработени лица заклучно со јули 2018 година изнесува 95.421. Најмногу има во Скопје 15.836, Тетово 11.469, прилеп 6.820 …

Најбројни невработени се оние без образование- 41.628, со непотполно средно образование-13.240, а со завршено средно се 26.584. Невработени со завршен факулет се 11.495, 909 магистри и 33 доктори на науки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Работа

Нови работни места ќе има и за двајца манипуланти за големите корисници, кои ќе добиваат по 16.500 денари месечна плата, како и пет насочувачи, што ќе ја имаат истата плата.

Пошта распиша конкурс -се бараат 80 работници

Граѓаните уште не се задоволни од нивните услуги, но Македонски пошти набргу ќе добијат...

Податоците на приватната агенција за вработување „АДП“, покажуваат дека овие бројки се далеку поголеми од очекуваните. Компаниите во Америка отвориле 271.000 работни места.

Нови 271.000 работни места во Америка

Американските компании во декември отвориле 271.000 работни места. Новите податоци на...

La Terrazza, елегантен ресторан сместен на само неколку метри од Плоштад Македонија, познат по автентичните вкусови на италијанската кујна, нуди отворена работна позиција:

La Terrazza бара добри КЕЛНЕРИ за добра плата!

Тие знаат дека лицето на ресторанот се нивните вработени, тие знаат дека амбиентот...