
Македонија
Економија
Еуростат за прв пат објави компаративни податоци за сите земји во и надвор од Унијата по колку точно плаќаат за гас а Македонија е земјата која најскапо плаќа за овој извор на енергија.
Чисто за гасот како енергенс граѓаните и македонските компании плаќаат по 0.037 евра од киловат час што е најскапо од сите преостанати земји.
Најевтино го плаќаат Романија [ 0.016 ] Турција [ 0.016 ] Бугарија [ 0.017 ] Литванија [ 0.017 ] Унгарија [ 0.019 ].
Македонците “ги спасува” тоа што на овој чист трошок плаќаат најниски давачки за гасоводната мрежа [ 0.0048 евра по киловат час ] и за данокот [ 0.0075 евра по киловат час].
И со овие олеснителни давачки македонските физички и правни лица не стојат добро во вкупниот трошок.
И на тој начин помалку од нас плаќаат Србија – Молдавија – Турција – Британија – Полска – Словачка – Летонија – Литванија – Естонија – Луксембург – Хрватска – Унгарија – Бугарија и Романија.
Само десет земји имаат поскапа цена.
Во истиот извештај на Евростат има и цена за електрична енергија. Македонија парадоксално е земја со најевтина струја но не и со ниска цена на гас.
Јазот на цената помеѓу струјата и гасот треба да биде многу поголем ако се знае дека струјата е многу поскап извор на енергија од гасот во Европа но во Македонија за струја се плаќа 0.08 евра по киловат час додека за гас 0.05 евра по киловат-час.
Од Македонија во Европа помалку за струја плаќаат само Србија и Косово.
Гледано само како снабдување со струја трошокот е скап и чини 0.05 евра по киловат час но евтино е трошокот за мрежата [ 0.017 ] и даноците [0.013 ].
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.