Во Македонија има најмалку 140.000 кучиња како домашни миленици. Барем толку се регистрирани вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов на Панел-дискусијата а управување со популацијата на бездомни кучиња.
Токму милениците според Миланов се најголемата причина за растот на бројот на бездомните кучиња. Тој најави изготвување на законски измени кои треба да го решат овој проблем.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на денешната панел-дискусија на тема „Ангажманот на локалната заедница во управување со популација на бездомни кучиња“, побара измени и дополнување на законот за благосостојба на животните и повика на поголема ажурност за одговорно сопствеништво.
Миланов тврди дека за нив како институција е несфатливо како овој закон бил повлечен од собраниска постапка и процедура:
Со донесувањето на идниот закон којшто сакаме да го донесеме за измените и дополнувањата на законот за заштита и благосостојба на животните, фокус ќе биде даден на воспоставување, контрола и регистрација на размножувањето на кучињата-миленици којшто е еден од главните фактори за настанувањето на бездомни кучиња – рече директорот на АХВ.
Во неговата изјава тој наведе дека тие како институција имаат база на податоци и систем за идентификација преку кој се врши регистрација на сите миленици и домашни кучиња.
Во моментов имаме регистрирано 139.463 кучиња или миленици, исто така согласно законските и позаконските акти, ние даваме одобрение за прифатилишта. Во моментот на целата територија на Македонија има 29 регистрирани и одобрени прифатилишта – додаде тој.
Претседателот на Ветеринарната комора на Македонија, Жарко Михајловски, во неговото обраќање спомена дека докторите по ветеринарна медицина, секојдневно се вклучени во справувањето со кучињата-скитници.
Тие ги пренесуваат нивните искуства и мислења во Ветеринарната комора, во нивните одбори и ние согледувајќи ја ситуацијата со овој проблем и секојдневното справување со кучињата бездомници инициравме формирање на експертски тим од членови од ветеринарната комора кои имаат искуство во прифатилиштата и третманот на кучињата скитници, да подготвиме еден документ – стратегија за справување со кучињата скитници – изјави Михајловски.
Претседателот на Ветеринарната комора на Македонија, се заблагодари на Австриската амбасада за организирање на оваа панел-дискусија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.