
Македонија
Вести
Неполни 48 часа по изјавата на Спасовски дека ЕУ во Македонија нема да гради бегалски кампови но и Договорот со ЕУ од каде бевме информирани дека заедно ги чуваат границите од илегален влез на мигранти во државата – синоќа МВР запре камион во кој откри 44.
Камионот од страна на полицијата бил запрен кај првиот тунел во правец Гевгелија – Скопје во 22 часот вчера вечер од страна на мобилната единица на граничната полиција и граничните единици. Станува збор за товарно моторно возило “Ивеко” со скопски регистерски таблички. Шоферот по интервенцијата го сопрел возилото и избегал додека во него се пронајдени 44 мигранти кои илегално влегле во Македонија од кои 10 од Сирија – 20 од Пакистан – 12 од Авганистан и 2 мигранти од Индија.
Мигрантите се задржани во полициската станица за граничен премин “Богородица” за понатамошна постапка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.