Македонците најмногу сакаат да пијат пиво,според податоците од Државниот завод за статистика.

Објавил: Едмонд Бекири | 10 јануари, 2022 16:40

Во Македонија најмногу се пие пиво

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во оваа сезона на празници граѓаните на Македонија консумираат различни врсти на алкохол. Што мислите што најмногу се пие во овој период?

Број еден алкохолен пијалак во Македонија е пивото,според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Анализата за потрошувачката покажува дека во просек секој возрасен граѓанин во годината пие по 12.5 литри пиво, 1.8 литри вино и 0.65 литри жестоки пијалаци. 
Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека во земјава се пијат по 5.7 литри алкохол на годишно ниво – 50% од ова отпаѓа на пиво, 40% на вино, а само 10% на жестоки пијалаци.
Македонија повеќе извезува отколку што увезува алкохол, но тоа пред се се должи на виното. Од друга страна речиси 100% од жестоките пијалаци доаѓаат од увоз.

Пивото е алкохолен пијалак кој настанува со ферментација на скробеста супстанца (житни растенија: јачмен, хмељ), кој не е дестилиран после ферментацијата. Производството на пиво и некои други алкохолни пијалаци често се нарекува превривање. Историски, пивото е познато од Античките Египќани и Месопотанци, и датира од пред 4000 год. п.н.е., но овие пива биле апсолутно поинакви од денешните Скопско, Даб, Горско или Хајнекен. Поради тоа што состојките што се користат за производство на пивото се различни од место во место, особините на пивото (типот, вкусот и бојата) многу се разликуваат.

„Македонците имаат уникатен вкус и специфични барања. Обоените пијалаци како коњак, вињак, бренди, виски се побарани од белите жестоки пијалаци како вотка, џин, текила. Во главно ги следиме светските трендови, коктелите кои се микс на повеќе пијалаци се се попопуларни… Во поглед на ценовната сегментација, најзастапени се производите со најниски цени. Консумацијата е најголема во дискотеките и во ноќните клубови, а помалку во кафулињата. Дистрибуцијата се одвива преку локални дилери “ велат во еден од водечките увозници на алкохол во земјава.

Овој пијалак, за кој многумина тврдат дека станува збор за храна, се користел уште во праисторискиот период.

Го произведувале Келтите, Германците,Словените и Скитите. Тогаш се правело од јачмен, пченица, овес и леќа, а многу стари народи додавале зачини и мед. Хмељот главната состојка на денешното пиво, почнала да се користи дури од XIII век.

Пивото во средината на стариот век се конзумирало во повеќе области како Ерменија, Месопотамија и Египет. Од тие подрачја пивото го презеле Грците и Римјаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Таткото на Новак Ѓоковиќ, побарал од Боба да инвестира 500.000 евра во младиот тенисер, односно неговата идеја била тој да добива по 15% од секој договор кој ќе го склучи Ѓоковиќ, но Боба ја одбил ваквата понуда велејќи дека таквата инвестиција нема смисла.

Боба Живоиновиќ не сакал да инвестира во кариерата на Ѓоковиќ- изгубил многу пари поради таа грешка

Боба Живоиновиќ, сопругот на познатата пејачка Лепа Брена, кој е поранешен српски...