Од таму велат дека се преземени приоритетни чекори и претставници на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство од минатата недела континуирано информираат за состојбата со коронарниот вирус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јануари, 2020 18:16

Во Македонија нема причина паника за корона вирус- ситуацијата е целосно под контрола

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Северна Македонија ги следи препораките од Светската здравствена организација во врска со состојбата со новиот корона вирус што се појави во кинескиот град Вухан, стои во соопштението на официјалната веб-страница на Министерството за здравство.

Од таму велат дека се преземени приоритетни чекори и претставници на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство од минатата недела континуирано информираат за состојбата со коронарниот вирус.

Коронавирусите, кои се познати од 1960-те години, можат да предизвикаат како обична настинка, така и опасни заболувања на белодробните органи, како САРС или МЕРС. Овие заболувања се појавуваат подеднакво кај луѓето и кај животните.а.

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за корона вирус во нашата држава.

Ја информираме јавноста дека системот за контрола е воспоставен и целосно во функција. Направен е распоред на епидемиолози од Центарот за јавно здравје, и се присутни за време на скенирањето. Авионите од Истанбул и Дубаи секогаш се насочени на еден или два излези, кои се многу блиску, од практичен аспект камерата е поставена на едно место, доколку треба да се користи собата за изолација.

ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиката на пласирање на неточни информации и потребата од создавање на паника кај граѓаните се со цел собирање на политички поени. Затоа што во времето на претходната влада се спроведоа најкатастрофалните здравствени политики што резултираа по здравјето на граѓаните.

За потсетување, во 2019 година се прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на територија на целата држава токму поради погрешната политика со имунизацијата на претходната влада. Доколку лицата до 14 годишна возраст навреме се вакцинираа со вакцината МРП, минатата година немаше да имаме 1900 случаи со мали сипаници.

За 10 месеци ја стопиравме епидемијата, опфатот со вакцинација го зголемивме за 44 илјади лица и ја постигнавме препораката на Светската здравствена организација (СЗО). Оние кои не ги спроведуваа насоките од епидемиолозите и СЗО се ВМРО-ДПМНЕ.Министерството за здравство е максимално подготвено и ги има сите капацитети за да одговори правилно и во оваа ситуација.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да создава паника кај граѓаните, прво треба да научи кои се вистинските здравствени политики за граѓаните, а потоа како се постапува во вакви ситуации, стои во соопштението на МЗ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје рече дека малолетното девојче било првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона.

Четиринаесет годишно девојче почина на Клиниката за детски болести

Вчера на Клиниката за детски болести почина 14- годишно девојче како последица од...

Пристигнати се 4-5 патници од места оддалечени 1 000 километри од Вухан, но, како што вели министерот за здравство Венко Филипче, немаат никакви симптоми и дадени им се насоки што треба да прават доколку им се јават.

Филипче: Ако добиеме заболен од коронавирус, има болнички дел во одделение на Инфективната клиника

Досега кај нас немало патници со индиции за специфично тестирање од коронавирус, вели...

илипче рече и дека од утре ќе биде отворен телефонски број на кој ќе можат да се јават луѓето кои доаѓаат од регионот Вухан и кај кои можат да се јават симптоми за да не одат кај матичен лекар и амбуланти.

ФИЛИПЧЕ: Нема корона во Македонија- Патници од Истанбул и Дубаи ќе се скенираат со термални камери

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека од утре ќе се скенираат со термална...

Од ИЈЗ посочуваат дека се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Регистрирани 1.100 заболени од грип- меѓу нив и четири деца

Во периодот од 13 јануари до 19 јануари во државава се регистрирани 1.100 заболени од грип....