Наша заложба е опфатот на деца во предучилишно образование да го зголемиме за 50%.

Објавил: Сара Фемина | 11 август, 2019 21:55

Во Македонија се градат 43 нови објекти за градинки!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека во моментот се градат и опремуваат нови осум, а се подготвува исто така и изградбата на уште 35 градинки.

Според Министерството за труд и социјална политика, со проширувањето на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции на кадарот се подобрува квалитетот на предучилишното образование.

Ќе бидат изградени 43 нови објекти за градинки распоредени низ целата територија на државата, соопшти МТСП. Според нивното соопштение досега обезбедени се 1.400 согласности за вработувања во градинките.

Наша заложба е опфатот на деца во предучилишно образование да го зголемиме за 50%. Во изминатите две години отворивме 24 нови објекти, со што се обезбедени дополнителни 1.272 места. Годинава за таа намена издвоивме 300% поголем буџет од лани, а нови градинки ќе се градат и преку програмата на Светска банка, која изнесува околу 15 милиони евра.

Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, континуирано работиме на зајакнување на кадарот во градинките и надградување на компетенциите на воспитувачите/чките. Досега обезбедени се 1.400 согласности за вработувања во градинките. Почнувајќи од јунската плата којашто на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 %, што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен, се вели во соопштението на МТСП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева пред малку излезе од ОЈО каде беше на распит за случајот „Рекет“. Како што рече таа, била повикана во својство на сведок.

СВЕЧЕН ПРЕЧЕК: Вилма и Катица се гушкале и целивале кога се сретнале денес во обвинитeлството!

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави ексклузивна информација...

Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

АДВОКАТИТЕ НА БОКИ-13: „Лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев”

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро...