Во Албанија, патарината за автопатот кон Косово чини 300 денари, но има големи попусти за локалното население што живее крај автопатот и за возачите кои редовно ја користат оваа делница.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јуни, 2019 14:31

Во нашата земја се плаќаат најскапите патарини во регионот!

Фото/Текст извор: ©мкд.магазин

Во Македонија и натаму нема можност да се купи месечна или годишна карта за плаќање патарина. Па така, за оние кои редовно патуваат, на пример од Тетово, Велес, Куманово, Гостивар или Гевгелија за Скопје, излегува дека за патарини тредба да платат многу повеќе од она што се плаќа во соседните земји.

Во Бугарија електронската вињетка за еден месец без никакви ограничувања за патувања чини 940 денари.

За истиот период во Македонија еден возач кој редовно патува од Гостивар или Гевгелија до Скопје треба да плати потрошат фрапантни 5.320 денари или 6.840 денари. Од Велес до Скопје и назад месечно треба да се плати 4.560 денари за еден автомобил.
Граѓаните на Косово плаќаат патна такса од 2.460 денари годишно при регистрација на возилата.

Во соседна Албанија, патарината за автопатот кон Косово чини 300 денари, но има големи попусти за локалното население што живее крај автопатот и за возачите кои редовно ја користат оваа делница.
Цената на патарината и во Србија е пониска од онаа во нашата земја.

Во Бугарија електронската вињетка за еден месец без никакви ограничувања за патувања чини 940 денари. За истиот период во Македонија еден возач кој редовно патува од Гостивар или Гевгелија до Скопје треба да плати потрошат фрапантни 5.320 денари или 6.840 денари.

Од Смедерево до Белград (растојание од Скопје до Гостивар), се плаќа по 200 денари за едно патување во два правци со автомобил (Скопје – Гостивар чини 280 денари). Разликата за една година е цели 1.520 денари.
И во Србија може да се купи месечна и годишна карта за патарина, со што чинењето на патувањата по српските автопатишпта значително се намалува.
Во Грција е најскапо. Меѓу Солун и Лариса, на 150 – километри долгиот автопат се плаќа патарина од 486 денари по автомобил во еден правец. Сепак, и таму за локалното население што секојдневно патува се обезбедени големи попусти.
Во Македонија летово цената на патарината на новиот дел од автопатот за Гевгелија, од Демир Капија до Смоквица ќе биде 100 денари.

Директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов тврди дека патарините не поскапуваат.

„Нашите цени се убедливо најниски во регионот. Едно што е најбитно. Сите овие градби кога ќе завршат за неколку години, одржувањето на патната инфраструктура ќе чини околу 100 милиони евра. Парите од патарините ги користиме за ова, за граѓаните, а не за жални врби“, изјави Китанов.

На делницата Штип – Миладиновци, на двата пункта кај Кадрифаково и кај Свети Николе ќе се плаќа по 50 и по 70 денари, што знаедно со патарината Миладиновци, дневното користење на новиот автопат ќе чини 360 денари, што е за 120 денари повеќе од патувањето на релација Штип – Велес – Скопје и обратно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...