Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 август, 2020 19:22

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање. Маратонот во должина од 2,5 км е во организација на пливачкиот клуб Вардар 2018 со поддршка на општина Крушево.

Крушевското Езеро понекогаш нарекувано и Гумење претставува вештачка акумулација во непосредна близина на Крушево. Од езерото истекува Крушевско-норовската река.

Маратонот го носи името на Тоше Проески.

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Маратонот ќе се одржи на Крушевското езеро, трката ќе биде кружна која ќе биде во должина од 2,5 км.
Се надеваме на успешен маратон и маратон кој што ќе стане традиција во нашата земја!!
Името на овој маратон го одбравме во чест на нашата легенда Тоше Проески.
#PKVARDAR2018. , стои во објавата на пливачкиот клуб Вардар 2018.

„Ова е нова атракција во Крушево, нова причина многу туристи да дојдат тука. Крушевското Езеро е особено популарно откако се асфалтира патот до истото и секојдневното одржување на патеките за трчање и возење велосипед носи многу луѓе тука. Ги поканувам сите да не посетат за Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република и воедно да го проследат овој нов тип на настан во Крушево во недела“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното...

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко...

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте...

Во гостувањето премиерот рече дека од големо значење е пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

Заев: Ако го присвојуваме Гоце Делчев, нема да го решиме проблемот со Бугарија!

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“, премиерот Зоран Заев рече дека...