Тој додаде дека Градот Скопје е домаќин и покровител на Скопскиот маратон, заедно со Канцеларијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт!

Објавил: Стојче Бушин | 1 октомври, 2020 20:55

ВО НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ТРЧА 16. ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Само три дена не делат од почетокот на најмасовната спортска манифестација во земјава Виз Ер Скопски маратон на која на градските улици ќе учествуваат неколку илјади маратонци, полумаратонци и рекреативци. Деталите поврзани со годинешната 16-та трка на денешната прес-конференција ги соопштија градоначалникот Петре Шилегов, заменик-директорот на Агенција за млади и спорт, Измит Нура и директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски.

-„Трчањето ќе ве промени“ – тоа е мотото под кое годинава традиционално, по 16-ти пат, натпреварувачите го трчаат Виз Ер Скопскиот маратон. Не можам да го сокријам моето задоволство што Скопскиот маратон прерасна во една од најголемите спортски манифестации во државата и еден од најмасовните улични маратони во регионот.

Упатувам честитки до организаторот Сојузот на спортови Скопје, кој заедно со коорганизаторите и во ваквите вонредни околности настанати заради светската пандемија на коронавирусот, успеаја да најдат начин како безбедно да ги отворат вратите за натпреварувачите од целиот свет почитувајќи ги протоколите за заштита на јавното здравје – рече Шилегов.

Само три дена не делат од почетокот на најмасовната спортска манифестација во земјава Виз Ер Скопски маратон на која на градските улици ќе учествуваат неколку илјади маратонци, полумаратонци и рекреативци.

Тој додаде дека Градот Скопје е домаќин и покровител на Скопскиот маратон, заедно со Канцеларијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

– Во организацијата на маратонот вклучени се професионалци и волонтери што се грижат маратонот да помине во најдобар ред и покрај отежнувачките околности, за што сакам од срце да им се заблагодарам. Градот Скопје како и секогаш, обезбеди логистичка и финансиска поддршка за потребите на организацијата. Јавни претпријатија на Градот имаа задача да се погрижат за состојбата и безбедноста на патеката долга 42.195 метри – изјави Шилегов.

Секоја година екипите на Градот ја подобруваат сообраќајната инфраструктура и во моментов во тек се реконструкциите на повеќе од 10 сообраќајници.

– Внимававме тоа да не претставува пречка за движењето на учесниците на маратонот, така што освен со исклучок на 250 метри кај улицата 11-ти Октомври каде што реконструкцијата започна вчера, патеката не поминува на ниту една од преостанатите улици чија реконструкција е во тек. Сосема на крајот, на сите учесници им посакувам успешна трка, добра забава и дружење и нека победат најдобрите – кажа Шилегов на прес- конференцијата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Маратон

Sorry, no posts matched your criteria.