Поради ова, но и најавата на здравствените експерти, многу граѓани се прашуваа како ќе се снабдуваат со лекови и други намирници, како ќе ги шетаат миленичињата во текот на денот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 април, 2020 19:05

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ТРАЕ 24 ЧАСА: Луѓето смеат да излезат само од три причини!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Полицискиот час воведен во Србија трае од 17 до 5 часот, а за време на викендите од 15 до 5 часот наутро. Сепак, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе донесе одлука да забрани 24-часовно движење во наредните денови. Според тоа, Србија би била една од неколкуте држави кои воведоа целосна забрана за излегување.

Тој рече дека „дури и не знае“ како ќе функционира државата во таква состојба но дека „ќе открие за прв пат во животот“.

Одење на работа, аптека, продавница или на лекар се единствените валидни причини за напуштање на домот, бидејќи таканаречената црвена зона од северот на Италија се шири во целата земја.

Поради ова, но и најавата на здравствените експерти, многу граѓани се прашуваа како ќе се снабдуваат со лекови и други намирници, како ќе ги шетаат миленичињата во текот на денот.

Судејќи според искуството на другите земји што ја спроведоа оваа или слична мерка, скоро е сигурно дека цел ден полициски час не значи дека две недели никој нема да смее да излегува надвор. И во тие земји, на луѓето им е дозволено да одат во аптеки, да одат на лекари и да ја направат најважната набавка во продавницата.

Италија: Никаде без формулар

Различни мерки беа воведени постепено, но без задоволителни резултати. Додека граѓаните се однесуваа кон нив несериозно, за кратко време сите 60 милиони жители беа ставени во карантин.

Одење на работа, аптека, продавница или на лекар се единствените валидни причини за напуштање на домот, бидејќи таканаречената црвена зона од северот на Италија се шири во целата земја.

Граѓаните во формуларот кој може да го најдат онлајн наведуваат причина за напуштање на домот во случај да ги запре полицијата на улица. Различни формулари постојат за различни намени, но интересно е тоа што ако сакате да излезете надвор од градот и да посетите некого, треба да го потпишете оној што вели дека тоа го правите на ваш сопствен ризик.

Најтешкиот карантин во Хубеи

На 1 јануари кинеската провинција Хубеи, каде што почна да се шири вирусот корона, спроведе мерка со која се дозволува само едно лице во секое домаќинство да излегува надвор еднаш на секои два дена по храна или поради здравствени причини. Само оние кои се неопходни за функционирање, како што се фармацевтските работници, медицинскиот персонал и работници во продавници за храна, одеа на работа.

Многу градови, области и провинции низ Кина спроведоа слични мерки во наредните денови, вклучувајќи ги Венжоу, Хангжу, Фужоу, Харбин и целиот Џиангси.

Со мерките не беа опфатени продавниците за храна и пијалоци, продавници за основни производи, аптеки, оптичари, ортопедски продавници, добавувачи на храна за домашни миленици и компании поврзани со нафта.

Шпанија: Луѓето моќе да излегуваа надвор само од три причини

Шпанската влада донесе одлука за изолација на 14 март, а овој викенд воведе построги ограничувања за движење за граѓаните. Исто така, премиерот Педро Санчез најави затворање на сите невитални деловни активности од понеделник.

Ова значи дека на шпанските државјани им е дозволено да го напуштат домот за да купат храна и други најважни работи и да одат на лекар или да работат доколку работат во гранки овластени од владата да работат. Мерките ќе траат до 30 април и исклучени се само вработените во здравството, полицијата, телекомуникациите и енергетиката.

Драматични мерки, и во Австрија.

Провинцијата Тирол е означена како црвена зона, а неколку општини се ставени во карантин – Свети Антон ам Арлберг, Ишгл, Капл, Зев, како и Селден им Ектал и Свети Кристоф ам Арлберг.

Во Австрија, исто како и во другите земји, постојат само три причини зошто луѓето можат да заминат од дома – работа, неопходен шопинг и да им помагаат на другите луѓе, како што објаснува австрискиот канцелар Себастијан Курц за австриската АПА. Најавувајќи ги ограничувањата за движење, Курц рече дека луѓето ќе можат да излезат само „сами или со луѓето со кои живеат во домот“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Лансирањето од Кејп Канаверал го следеа претседателот и потпретседателот на САД, Доналд Трамп и Мајк Пенс.

Погледнете го забранетиот предизборен спот на Трамп: Еве кои правила ги прекршил (ВИДЕО)

Тимот надлежен за кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп сними видео...

Членови на семејството на Флојд пристигнаа на комеморацијата, а група луѓе се собраа пред северниот централен универзитет за да оддадат почит.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА МИНЕАПОЛИС СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ ПАДНА НА КОЛЕНА ПРЕД КОВЧЕГОТ НА ФЛОЈД: Не можеше да ги сокрие емоциите!

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, клекна и плачеше покрај ковчегот на Џорџ...

Федералната полиција ја расчисти областа пред Белата куќа за да може американскиот претседател Доналд Трамп да оди по црквата „Свети Јован“, покрај седиштето на владата, за да се фотографира .

Игра на престолот во Вашингтон! Кој навистина има моќ, дали е ова малото кралство на Трамп?

Главниот град на САД не е дел од сојузната американска држава. Тие посебни околности,...

Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјави дека за време на обдукцијата е извршен ПСР тест и дека може да покаже позитивен резултат дури и неколку недели по инфекцијата и болестите, пренесува Си-Ен-Ен.

ШОК! Резултатите од обдукцијата на Флојд покажаа: Убиениот афроамериканец бил заболен од коронавирус!

Убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на вирусот корона, покажа државната...