Најново метео

Објавил: admin@magazin | 22 јануари, 2022 10:14

Во Охрид измерени рекордни минус 10

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Минимални температури под нулата утринава се измерени насекаде низ државата. Во ноќните часови облачноста се намали, но дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Утрово е сончево и многу студено со мала, а на североистокот со умерена облачност.

Утрово според информациите на Управата за хидрометеролошки работи најниска температура измерена била во Маврови Анови -16 , потоа следат Битола -14, Берово, -13 Крушево, -12 Крива Паланка, -11 Тетово, Дебар, -10 Прилеп, Охрид, Претор, -9 Штип, -8 Струмица, Демир Капија, -7 Скопје-Зајчев Рид, -6 Куманово, -3 Дојран, -2 Гевгелија.

Што се однесува до висината на снежната покривка  измерена во во 7 часот (во см) највисока е измерена во Маврови Анови 36 см, 32 Попова Шапка, 19 Пожаране, 16 Битола, Крушево, 12 Охрид, 10 Дебар, 7 Гостивар, Крива Паланка, 6 Тетово, Претор, 2 Скопје-З.Рид, Берово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Време