Само 8 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се од претходниот состав!

Објавил: Стојче Бушин | 19 јули, 2020 8:26

Во парламентот не влегуваат Тарчуловски, Сафет Бишевац и Ковачки, а извисија и Самка Ибраимовски и Зекир Рамчиловиќ

Фото/Текст извор: ©360 степени

Старо-нови пратеници, професори, министри, директори освоија пратенички места според актуелната распределба на мандатите објавена од Државната изборна комисија. Зависно од тоа кој ќе формира влада, некои од кандидатите ќе се откажат од пратеничките мандати, „задоволувајќи“ ги апетитите со владина функција или директорско место.

Само 8 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се од претходниот состав!

Со исклучок на носителите на листите од ВМРО-ДПМНЕ, поголем дел од имињата се релативно непознати за јавноста, а само неколкумина од претходниот пратенички состав добија уште една шанса. Па така, од ИЕ 1 влегуваат Гордана Сиљаноска-Давкова, Тимчо Муцунски, Синиша Стојаноски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Љупчо Пренџов од ГРОМ и Велика Стојкова-Серафимовска, како и досегашниот пратеник Љупчо Димовски од СПМ.

Слична распределба има и во другите изборни единици каде што од претходниот состав пратеници повторно ќе бидат координаторот Никола Мицевски, Ане Лашкоска, Благица Ласовска, Дафина Стојаноска, Жаклина Пешевска, Иван Стоиљковиќ и Антонијо Милошоски.

Загарантирано пратеничко место имаат членовите на партиското раководство, меѓу кои Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Александар Николоски, како и Иванка Василевска, Рашела Мизрахи, Игор Дурловски, Дарко Костовски и Бојан Стојановски.

Загарантирано пратеничко место имаат членовите на партиското раководство, меѓу кои Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Александар Николоски, како и Иванка Василевска, Рашела Мизрахи, Игор Дурловски, Дарко Костовски и Бојан Стојановски.

Според актуелната распределба на мандатите, од листата изостанаа Тони Јаревски и Јохан Тарчуловски, а место не обезбедија ниту поранешниот новинар и експратеник на СДСМ, Сафет Бишевац, адвокатката Ружица Николовска и несудениот технички министер за внатрешни работи Драган Ковачки. Тие може да се надеваат на влез во Собранието ако СДСМ не успее да создаде мнозинство, па мандатот за формирање влада го добие ВМРО-ДПМНЕ.

Минов и Балкоски „влегоа“, Рамчиловиќ на листа на чекање

На листата на коалицијата „Можеме“ доминираат имиња на веќе познати функционери од СДСМ, каде што заедно со партискиот лидер Зоран Заев во Собранието влегуваат Никола Димитров, Мила Царовска, Дамјан Мачевски, Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Радмила Шекеринска, Љупчо Николовски, пратениците Мухамед Зекири, Јагода Шахпаска, Горан Мисовски и Соња Мираковска од НСДП, Маја Морачанин од ДОМ, како и досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Влегува и Панчо Минов, кој лани како пратеник на ГРОМ ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Балкоски од ВМРО-Народна, Павле Трајанов од ДС, а меѓу новите пратеници се и Љатифе Шиковска, активистка за човекови права и Моника Зајкова од ЛДП. На листата се и кандидатите на Беса, Билал Касами, Фадил Зендели, Кастриот Реџепи и Иљас Бејџан

Ако првите на листата добијат повторно функции во Владата, голема шанса за пратенички места добиваат и дополнителната заменичка во МВР, Славјанка Петровска, инспекторот Мирослав Богдановски од ДОМ, како и Зеќир Рамчиловиќ кој лани беше со независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Левица станува парламентарна партија со две пратенички места, едно за контроверзниот Димитар Апасиев и другото за Борислав Крмов од третата изборна единица.

Партиите на Албанците, фактор за формирање влада

Од 15 мандати, колку што освои ДУИ, само неколкумина се „звучни“ имиња. Меѓу нив се лидерот Али Ахмети. Собранискиот спикер Талат Џафери, министерот за образование Арбр Адеми, министерот за екологија Насер Нуредини, поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, но и Исмаил Јахоски, сопственик на „Пуцко петрол“, како и неодамна разрешениот директор на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери.

Ако ДУИ влезе во владата како коалициски партнер, шанса за пратеничко места се отвора и за Шермин Мамут, Амела Цана, Мери Николова Буџаку, кои се подолу на листите.

Алијансата за Албанците во коалиција со Алтернатива освои 12 места. Тоа се лидерите Зијадин Села и Африм Гаши, потоа министерот за култура Хусни Исмаили, пратеникот Сурија Рашиди и Скендер Реџепи. Нови лица се Абдула Салиу, Ељми Азири, Илире Даути, Халил Снопче, Артина Ќазими и Сафије Садики Шаини.

Партијата од која произлезе Алијансата, ДПА, обезбеди пратеничко место само за лидерот Мендух Тачи.

Партиите од денеска имаат можност да поднесат приговори за резултатите од изборите кои ДИК допрва ќе ги разгледува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

При обуката детално им се објаснуваше на наставниците како да ги користат алатките, како да поставуваат материјали, како да го користат Мајкрософт Тимс и како генерално да ја спроведуваат онлајн наставата.

д-р Николче Шулевски за Слободен Печат: Националната платформа нуди квалитетна настава која може да биде подобра и од класичната (ВИДЕО)

Николче Шулевски, докторот по науки за методика во онлајн настава кој е и еден од националните...

Потсети дека на владината седница министерот за здравство Венко Филипче информирал за дебатите што се водат на регионално ниво за отворање на границите во земјите од регионов и оти отвориле дискусија со аргументи за или против отворање на границите, за сите предности или проблематични ситуации што би се појавиле притоа.

Заев: При отворање на границите да се води сметка на здравствениот аспект!

Денеска при посетата на училиштето „Коменски“ во Општина Карпош, премиерот Зоран...

Соња Тошиќ Грлач која е претседателка на Управниот Одбор на болницата во Чаковец, изјави дека пациентот на хемодијализа починал, откако по грешака му бил вбризган дезинфисиенс и изрази сочувство до семејството на починатиот.

По грешка му ставиле средство за дезинфекција- Хрват почина по кобна грешка на медицински лица!

62 годишен пациент од Хрватска починал вчера вечер поради кобна грешка на лекарите....