Очигледно на владата и се брза, па очекува дискусиите по предложените амандмани скоро и да нема, со цел кон средината на јануари следната година да се гласа новиот Устав

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 10:51

Во петок уставните амандмани ќе бидат доставени до Собранието

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во петок Владата на Македонија ќе ги достави до Собранието нацрт уставните амандмани. Ова е следна фаза, по одлуката на 80 пратеници кои гласаа „за“ пристапување кон промена на Уставот.

По доставувањето во Законодавниот дом секој од четирите амандмани преку кои ќе се интервенира во Уставот, ќе треба да поминат низ претрес во две собраниски комисии.  

Според деловничките рокови од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Ова значи дека доколку нацрт амандманите бидат доставени во петок на 26 октомври, еден месец подоцна кон крајот на ноември треба да бидат изгаласани во Собранието. За гласањето во оваа фаза е потребна подршка од 61 пратеник.

Но, овие рокови можат да бидат и покуси, бидејќи претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена како во комисиите, така и на пленарната седница. Пратениците имаат право на збор повеќепати, но не повеќе од 20 минути, што дава можност оваа фаза да заврши побрзо од максимално дозволените рокови.

По утврдувањето за нацрт-амандманите,  тие одат на јавна дискусија и потоа повторно се враќаат кај предлагачот па во Собранието да бидат усвоени. Од моментот на доставување на предлог – иземните до одржување на пленарната седница треба да поминат најмногу 30 дена.

Колку време ќе трае јавната дискусија ќе треба да утврди Собранието.

За  одлуката за усвојување на амандманите потребно е исто двотретинско мнозинство, а за амандманот на Преамбулата  и Бадентерово мнозинство.

Според овие рокови, се очекува уставните измени да бидат усвоени кон средината на јануари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно