Лицето отворило оган кон полициските службеници, се обидело да фрли и рачна бомба кон нив

Објавил: admin@magazin | 4 јуни, 2018 13:05

Во полициска акција убиен криминалец од тетовско

Фото/Текст извор: ©Нетпресс.мк

Утрово, во село Ларце, тетовско, припадници на Министерството за внатрешни работи по претходно изготвен план, презедоа мерки и активности за лишување од слобода на Ј.Р. (38) од с.Ларце, кој што се барал по меѓународна и централни потерници за издржување вкупна казна затвор во траење од 26 години и 10 месеци.

Имено, станува збор за лице против коешто во периодот од 2000 до 2016 година, до ОЈО Тетово и ОЈО Скопје се поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки форми на кривични дела помеѓу кои кривични дела: „убиство“, „убиство во обид“, „грабнување“, „противправно лишување од слобода“, „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“, како и кривични дела – „тешка кражба“, „разбојничка кражба“, „одземање на моторно возило “, „тешка телесна повреда“ и „учество во тепачка“.

Во периодот кога Ј.Р. се наоѓал во бегство, во четири наврати од страна на полициски службеници направени се обиди истиот да се лиши од слобода, меѓутоа во сите случаи истиот пружил активен отпор со употреба на различни видови на оружје кон полициските службеници. Со оглед на сознанијата и безбедносните проценки, дека Ј.Р. претставува безбедносна и сериозна закана по животот на граѓаните и за полициските службеници, подготвен е посебен план за негово лишување од слобода и приведување.

Денеска во раните утрински часови, во куќата на Ј.Р. во селото Ларце, при преземање на мерки за негово лишување од слобода, тој фрлил рачна бомба кон полициските службеници, а потоа се дал во бегство вооружен со автоматска пушка, со карабин и облечен со панцирен елек. При повторниот обид за негово лишување од слобода на околу 200 метри од неговата куќа, лицето повторно отворило оган кон полициските службеници пукало, притоа повторно обидувајќи се да фрли и рачна бомба кон нив, по што е возвратено и лицето е лишено од живот, стои во соопштениео на МВР.

На местото на настанот во тек е увид од Јавен обвинител од ОЈО Тетово, увидна екипа од СВР Тетово, лекар по судска медицина и стручни служби од Министерството за внатрешни работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка“, рече Ахмети

Ахмети за расколот во ДУИ: Без секого се може

Лидерот на ДУИ застана во одбрана на вицепремиерот Груби. Ден по писмото во кое 20 истакнати...

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...