Божиновска за Гласот на Америка

Објавил: Калина Мартинска | 13 септември, 2024 14:50

Во последните седум години, приватно се изградија фото-централи, а државата нема свои енергетски капацитети

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ние ќе се обидеме да направиме ревизија на досегашните проекти и Македонија сама да има енергетски капацитети. Енергетиката не е нешто што се планира од денес за утре, тоа е долгорочно, вели Божиновска за Гласот на Америка.

Глас на Америка: Министерке, во Вашингтон имавте средба со заменикот-помошник секретар на САД за Западен Балкан. Каде беше акцентот на разговорите?

Божиновска: Остваривме средба со Александар Касанов. Тој нагласи дека САД се секогаш пријатели, и секогаш се тука да ни помогнат. Најголем акцент беше ставен на справување со корупцијата. Тие се следат, се знаат, ги знаат приликите кај нас. Зборувавме и за енергетската независност. Откако започна руската војна против Украина, Европа се стреми кон енергетски алтернативи и изнаоѓање алтернативни решенија. Исто така беше дискутирано и за гас конекторот со Грција, и евентуално гас-конектор со Србија.

Глас на Америка: Дали во Вашингтон се отвори и прашањето на борбата против корупцијата, како еден главните предизвици на Северна Македонија, и тема за која земјата добива бројни негативни извештаи од меѓународните институции, но и од Стејт департментот?

Божиновска: Работите мора да се помрднат. Ние сме нова Влада, веќе два месеци. Го сменивме менаџментот, во областа на енергетиката. Имаме ново раководство во ЕСМ и во МЕПСО. Имаме и ревизорски извештаи и наскоро ќе имаме увид што се е направено. Се надевам дека ќе се бара некоја одговорност. Ние ќе се стремиме за подомаќински начин на работење, но и да го зацврстиме производството на енергетиката.

Целото интервју на Божиновска прочитајте го ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.