При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

Објавил: Сара Фемина | 22 април, 2021 7:30

Во последните седум дена инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето на граѓаните и запирање на ширењето на коронавирусот, седумте инспекциски служби во изминатите денови спроведоа вкупно 6.038 надзори и контроли. 

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони. 

При спроведените контроли, на лице место се затворени три објекти  поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти. Сите три угостителски објекти на лице место се затворени и им се изречени прекршочни платни налози. 

Државниот здравствен и санитарен инспекторат од 5-ти март до 11-ти април изврши 90 надзори, врз основа на кои изрече 15 решенија. 

При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е  и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката на Инспекцискиот совет,  Магдалена Филиповска-Грашкоска:

„Или поединечно по инспекторати состојбата е следна:

Државниот здравствен и санитарен инспекторат од 5-ти март до 11-ти април изврши 90 надзори, врз основа на кои изрече 15 решенија. При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е  и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.

При спроведените надзори, изречени се 25 прекршочни пријави и 107 решенија за констатираните неправилности, како и 67  прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 3 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по 1 угостителски објект во Струга, Гостивар и Битола, во кои не се почитувале мерките за забрана за прием на гости. Сите три угостителски објекти на лице место се затворени и им се изречени прекршочни платни налози.  Во однос на контролите на ДПИ, ќе посочам и  еден сумарен податок. Односно, од 1-ви март досега, вклучително со последниве податоци, од страна на ДПИ, затворени се вкупно 36 угостителски објекти, поради прекршување на здравствените протоколи и закони, односно поради организирање на свадби, прослави, настани, непочитување на број на присутни и групирања.

 За сите затворања се доставени и прекршочни платни налози во зависност од големината на субјектот. 

Во периодот од 29-ти до 04-ти април, Инспекторат за транспорт изврши 52 надзори, при што изречени се: 14 прекршочни пријави и 3 решенија. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколите за  превоз на патници, во текот на минатата недела констатирани се неправилности во однос на Протоколот за меѓународен превоз на патници и тоа на граничниот премин Табановце , за што се поднесени 3 Прекршочни пријави. Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 397 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 22 решенија. Од вкупниот број на решенија, 19 решенија се донесени поради непочитување на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително изречени се и 2 ППН за 2  вработени лица поради неносење  лична заштитна на лицето спротивно чл.28 ст.6 т.1 од Закон за заштита на населението од заразни болести. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Претседателот на Владата Заев, повика на почитување на правосудните одлуки.

Заев за поддршката на протестот за случувањата на 27 април: Алтернативата на оваа Влада се покажа дека се режимски остатоци на Груевски

Премиерот Зоран Заев, на вчерашната седница за пратенички прашања, осврнувајќи се...

Очекувам од сите пристојни луѓе, кои верувам и сакаат добро на нашата татковина, да ја нацртаат својата црвена линија и во рамки на своите партиски органи. Извинете ако сум малку емотивна, но многу луѓе тој ден беа навистина на чекор до смртта.
Шекеринска: На 27 април многу луѓе беа на чекор до смртта

Шекеринска: На 27 април многу луѓе беа на чекор до смртта

Може да се разликуваме за политика од нула до 100, можеме секој ден да имаме различни...

Премиерот Заев истакна дека Владата во последните 4 години во континуитет ја одржува грижата за постоечките инвеститори и работи на привлекување на нови инвестиции од странски компании.

Заев од „Кемет Електроникс“: Расте извозот, во последните 8 месеци потпишавме 48 договори за државна финансиска поддршка за нови инвестиции

„Проширувањето на капацитетите на постоечката фабрика „Кемет Електроникс“ во вредност...