Инспекциските служби како важен контролен механизам за правилно спроведување на мерките и здравствените протоколи, продолжуваат со интензивни контроли на терен, и санкции за оние кои нема да ги почитуваат мерките.

Објавил: Перо Милчин | 8 април, 2021 7:15

Во последните седум дена инспекциските служби спроведоа 5.197 надзори и контроли, затворени се осум угостителски објекти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во периодот од 29-ти март до 4-ти април, од страна на седумте инспекциските служби, се спроведени вкупно 5.197 надзори и контроли. При спроведените надзори, Државниот пазарен инспекторат, изрече 34 прекршочни пријави, 91 решенија за констатирани неправилности, како и 43 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти, односно на лице место се затворени осум угостителски објекти и тоа по два угостителски објекти во Скопје и Битола, и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово, во кои не се почитувало работното време и/или ограничувањето за четири лица на една маса.

Во прилог е интегралното обраќање на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска:

Изминатиот период, за жал, сведоци сме на зголемен број на новоинфицирани лица од вирусот КОВИД-19, но и на починати лица како последица од коронавирусот. Оваа состојба доведе до повторно воведување на рестриктивни мерки, во насока на спречувањето на ширењето на коронавирусот со единствена цел заштитата на јавното здравје и заштита на сите граѓани. Согласно владината одлука, од вчера веќе стапи на сила мерката за забрана за движење на граѓаните во временски период од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, која ќе трае до 20 април. Од вчера важи и целосната забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање.

Од денеска стапи на сила мерката за целосна забрана за посетители/гости во сите угостителски објекти – кафетерии, ресторани, барови, клубови, како и во делот за исхрана во угостителски објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион или на бензински станици. Оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да вршат достава или да овозможат подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (штанд/пулт). Исто така, од денеска има забрана за посетители/гости во сите обложувалници. Работата на обложувалниците да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга. И овие мерки ќе важат до 20 април.

Инспекциските служби како важен контролен механизам за правилно спроведување на мерките и здравствените протоколи, продолжуваат со интензивни контроли на терен, и санкции за оние кои нема да ги почитуваат мерките.  

Почитувани,

Дозволете ми да ги презентирам податоците од спроведените контроли од страна на 6-те  инспекциските служби во периодот од 29-ти март до 4-ти април. Во овој период Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.197 надзори и контроли.  

Или поединечно по инспекторати состојбата е следна:

Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 92 надзори, врз основа на кои изрече 17 решенија. Притоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 13.957 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.938 контроли и 564 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.

При спроведените надзори, изречени се 34 прекршочни пријави и 91 решенија за констатираните неправилности, како и 43 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по два угостителски објекти во Скопје и Битола, и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово, во кои не се почитувало работното време и/ или ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.

 Во периодот од 29-ти до 4-ти април, Инспекторат за транспорт изврши 30 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: две прекршочни пријави и една ППН. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколите за превоз на патници, минатата недела не се констатирани неправилности.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите седум дена изврши 341 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 16 решенија. Од вкупниот број на решенија, девет решенија се донесени поради непочитување на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително изречени се и пет ППН за пет вработени за неносење  лична заштитна на лицето спротивно чл.28 ст.6 т.1 од Закон за заштита на населението од заразни болести.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 12 надзори во аптеки и при истите не се констатирани неправилности.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 220 надзори по Закон за заштита на населението од заразни болести и по Закон за безбедност на храна, при што издадени се осум решенија и 15 едукации и две ППН, по основ на небезбеден производ, неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање, чување и означување на производи, неводење на записи за ДПП/ДХП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Имено, во оваа насока беа и неправедно квалификуваните и конструирани обвиненијата за учесниците од 27-ми Април, кои беа осудени како „терористи“, за потоа, дел од обвинетите да бидат селективно процесуирани и искористени за политичкиот пазар, кој СДСМ го направи за спроведување на анти-државните политики кои следеа и сѐ уште траат.

Левица со поддршка на семакедонскиот протест: Упaдот во Собранието беше испровоциран од влacта која го погази Уставот и законите

ПРОТЕСТОТ ЗА 27-МИ АПРИЛ ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ, ТУКУ ДА СЕ БАРА ЦЕЛОСНО...

Роден е во селото Влахи, Мелничко, Пиринска Македонија, на 31 мај 1872 година.

СЛАВА ТИ: На пат од Мелник кон Неврокоп, кај Роженскиот манастир, од заседа е убиен Пиринскиот цар Јане Сандански

Јане Сандански е врвна личност во македонското национално ослободително движење пред...

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски објави дека ќе ја пее македонската химна на протестот на 25 април за слобода на осудените и затворени за настаните од 27 април 2017 година.

Дypлoвcки ќe ja пee xимнaтa нa пpoтecтот нa 25 aпpил зa cлoбoдa нa ycтaвобpaнитeлитe

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски објави дека ќе ја пее македонската...

Затоа ВЕ ЗАМОЛУВАМ да ги понесете со Вас само македонските ЗНАМИЊА, ВЕ ЗАМОЛУВАМ оставете ги Вашите партиски дома овој пат.

СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ: Семакедонски протест на 25 април во 11 часот пред владата на Република Македонија

Почитувани, Ве поканувам на 25 Април (недела) 2021 година во 11 часот пред Владата на Република...