Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 173 надзори, при што издадени се 3 решенија и спроведени се 15 едукации.

Објавил: Перо Милчин | 13 јануари, 2021 14:53

Во последните седум дена инспекциските служби извршија 2.608 надзори и контроли, затворени се пет угостителски објекти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари 2021 година, од страна на седумте  инспекциски служби се спроведени вкупно 2.608 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони во надлежност на инспекторатите.  При тоа, се забележува дека и понатаму се намалува бројот на издадени решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен нспекторат, за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.

Во последните седум дена Државниот пазарен инспекторат, изврши 1.789  контроли и 156 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и по основ на материјалите закони.

При тоа, ДПИ  изрече 14 прекршочни пријави, 42 решенија за констатираните неправилности, како и 14  прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се изречени за непочитување на Законот за  заштита на населението од заразни болести.

Решенијата се издадени  на еден угостителски објект во Скопје, еден во Охрид и три објекта во Гостивар, поради непочитување на дозволеното работно време, при што објектите се затворени на лице место.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, изврши 40 надзори. При тоа, ДСЗИ во посочениот период издаде вкупно 3.900 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, што преставува намалување во однос на претходниот период.

Во посочениот период, Државниот инспекторат за труд, изврши 412 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки на сите работни места. При спроведените контроли, овој инспекторат изрече 4 решенија и еден платен налог.  Решенијата се издадени за непочитување на материјалните закони, односно во делот на прекршувања за исплата на плати и регреси за годишен одмор. Платниот налог е издаден за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Инспекторат за транспорт, во истиот период  изврши 22 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 3 прекршочни пријави, едно решение и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 9 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за  формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.

Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно 7 надзори, при што изречено е едно решение на правно лице за непочитување на Законот за води.

Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 173 надзори, при што издадени се 3 решенија и спроведени се 15 едукации.

Инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли на терен во целата држава,со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во СДСМ знаат дека поддршката кај граѓаните од ден во ден е се помала за нив. Според последните мерења на мислењето на јавноста ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 22.5% наспроти 17.9%.


Народот се повеќе се одлучува за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае кој може да ги решава нивните проблеми и кој може да го реализира ветеното.

Пиунот Ковачевски е исплашен од избори и затоа што неговиот личен рејтинг е скоро 4 пати помал од рејтингот на претседателот Мицкоски. Имено 17.7% од граѓаните даваат поддршка за претседателот Мицкоски, додека само 5.5% за Ковачевски.

Јасно е зошто е стравот во СДСМ. Но тие мора да сфатат дека иднината на државата не смее да биде заложник на нивната желба за власт.

ВМРО-ДПМНЕ уште претстојната недела ќе поднесе законски измени до собранието со цел укинување на техничката влада пред избори, со што ќе може да се распишат избори веднаш и во рок од 45 до 60 дена како што е согласно Устав пропишано да се одржат избори.

Истовремено ги повикуваме и малите партии да се охрабрат и да излезат од владата на ДУИ и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, ако се искрени кон јавноста владата ќе ја напуштат веднаш.

Очекуваме одговорност од сите политички чинители. Само брзи предвремени парламентарни избори се решение за состојбата во која не донесоа СДСМ и ДУИ.

СДСМ и пиунот Ковачевски бегаат од избори затоа што знаат дека ќе ги изгубат

СДСМ и пиунот Ковачевски бегаат од избори затоа што знаат дека ќе ги изгубат. Во СДСМ...

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...