На двете семејства кои живееја во импровизираните живеалишта под Железничката станица, без основни хигиенски услови и опкружени со смет, Центарот за социјални работи им понуди алтернативно сместување во текот на зимскиот период.

Објавил: Стојче Бушин | 17 октомври, 2020 11:54

ВО ПРЕСРЕТ НА СЕЗОНАТА СО ЗГОЛЕМЕНО ЗАГАДУВАЊЕ СЕ ОТСТРАНУВА ДИВАТА НАСЕЛБА ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со заедничка акција во која учествуваат екипи на Инспекторатот на Град Скопје, Центарот за социјални работи на град Скопје, Министерството за внатрешни работи и ЈП „Улици и патишта“ денеска се отстранува дивата населба и сметиштето под Железничката станица.

Од раните утрински часови, со механизација се отстранува импровизираното картон-маало формирано на паркиралиштето под Железничка, како и натрупаниот отпад, купиштата пластична амбалажа и стариот мебел што го нагрдуваат овој јавен простор и претставуваат извор на загадување.

Со оваа акција во пресрет на сезоната со зголемено загадување се става крај и на огновите на отворено кои често гореа во оваа дива населба и го загадуваа воздухот.

На двете семејства кои живееја во импровизираните живеалишта под Железничката станица, без основни хигиенски услови и опкружени со смет, Центарот за социјални работи им понуди алтернативно сместување во текот на зимскиот период.

По отстранувањето на дивата населба, овој јавен простор ќе се расчисти. Во наредниот период комуналните редари од Град Скопје и екипи на МВР ќе вршат чести контроли на оваа јавна површина за да не се дозволи повторно формирање на ваква импровизирана населба под Железничката станица.

Ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193.

Градот Скопје преку својот Инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено, како една од мерките за намалување на аерозагадувањето во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Захариева потсети дека Бугарија го фокусираше својот прв период од ротирачкото претседателство со ЕУ во 2018 година на забрзаниот пристап на земјите од Западен Балкан во 27-члениот блок.

Захариева: С. Македонија да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корен

Северна Македонија мора да признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски...

На Јавниот повик имаат право да учествуваат правни лица: здруженија на граѓани, конзорциум на организации, научни установи, фондации и други.

Изработка на Стратегија за млади на Град Скопје со акциски план за период 2021-2025!

Град Скопје објави Јавен повик за изработка на Стратегија за млади на Град Скопје со...

Бојан Јовановски пак беше осуден на деветгодишна затворска казна за случајот “Рекет”, а му се суди и за случајот “Меѓународен сојуз”.

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски влезе во ШУТКА на издржување на затворската казна!

По 15 месеци поминати во притвор, вчера од истражниот затвор “Скопје” излезе Бојан...

Воздухопловот кој превезувал 40 лица од Србија и 20 лица од Македонија полета напладне од аеродромот во Карлсруе, потврди регионалниот совет.

Депортирани 20 македонски државјани со авион од Германија

60 лица пред два дена беа депортирани од Германија со  лет од аеродромот Баден кон...