Хрватска

Објавил: Калина Мартинска | 29 декември, 2024 14:26

Во пристаниште близу Сплит потона 50-метарски брод, спречена еколошка катастрофа

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во пристаништето Крило Јесенице во близина на Сплит потона 50-метарски брод, но со брза акција на пожарникари спречена е еколошка катастрофа oд можно излевање нафта, јавија хрватските медиуми.

Пожарникарите успеале во брза акција денеска претпладне да постават заштитни бариери околу потонатиот брод и во приштаништето, и со тоа спречиле излевање нафта.

Железниот брод Пацифик целосно потонал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести