Краток, но тажен говор одржа синот на Шаулиќ, Михајло, кој се збогуваше од својот татко во име на семејството.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 февруари, 2020 14:00

ВО СЕЌАВАЊЕ: Помина една година од смртта на Шабан Шаулиќ- Гордана неутешна, плаче завиена во црно

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Семејството на Шабан Шаулиќ денеска се собра и одржа годишна меморијална служба на починатиот пејач, во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Покрај семејството, на поменот присуствуваа Зорица Брунслиќ и Кемиш, Миша Мијатовиќ, Мирко Кодиќ, Стева Симеуновиќ и Емир Хабибовиќ.

Српскиот пејач Шабан Шаулиќ загина минатата година во тешка сообраќајна несреќа на патот Бифилд-Бутерслох.

Ѕвездата на народната музика во автомобилот бил со возачот и кумот, а несреќата се случила во околината на Билефилд каде пеел.

Покрај семејството, на поменот присуствуваа Зорица Брунслиќ и Кемиш, Миша Мијатовиќ, Мирко Кодиќ, Стева Симеуновиќ и Емир Хабибовиќ.

Телевизија Пинк пренесуваше дека сообраќајната несреќа се случила утрото околу 7 часот, а со него во автомобилот бил неговиот кум, Слободан Стојановиќ Боби, кој исто така беше тешко повреден.

Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.

Неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола.

До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично. Неговата жена се вика Гордана за која тој има напишано и издадено хит-песна во албумот Кафанска ноћ (1985) наречена „Гордана“.

Шаулиќ бил еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ.

Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Уште на почетокот на својата кариера, Брајант се истакнал како одличен играч и столб на тимот и, заедно со Шекил О'Нил, бил најзаслужен за трите последователни шампионски прстени, освоени во периодот (2000-2002).

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Загина славниот кошаркар Коби Брајант

Легендарниот кошаркар Коби Брајант (41) загина во несреќа со хеликоптер! Ужасните информации...

Инцидентот, според информации од Пиринеите, се случил претпладнево на пат што од неговиот роден град Утрера до главниот град на шпанската покраина Андалузија.

ЗАГИНА СЛАВНИОТ ШПАНСКИ ФУДБАЛЕР, ХОЗЕ АНТОНИО РЕЈЕС(35)

Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Шпанија и на Реал Мадрид, Хозе Антонио...