На денешен ден пред единаесет години, загинаа припадници од составот на воздухопловниот Винг, кога армиски хеликоптер Ми-17 се урна кај селото Блаце, Катлановско.
Цвеќе ќе положат повеќе делегации од Генералштабот, од Министерството за одбрана, од Општина Петровец, Командата за операции, од воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.
Единаесетте мировници се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Пред 12 години армиски хеликоптер Ми-17 се урна во селото Блаце кај Катланово, на само 50-ина метри од последните куќи во селото.
Пради маглата и услови на намалена видливост, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.
Во несреќата загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.