За потсетување, минатата пролет Градот Скопје ја заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од клучката кај Бит-пазар до крстосницата кај касарната „Илинден“ во вкупна должина од 1.440 метри.

Објавил: Владо Марин | 17 јули, 2021 12:17

ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕН НОВИОТ БУЛЕВАР НИКОЛА КАРЕВ ПОД КАСАРНАТА ИЛИНДЕН

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска официјално се пушти во употреба новозавршената делница на булеварот Никола Карев. На прес-конференцијата по повод отворањето на булеварот се обрати градоначалникот Петре Шилегов.

Проектот за проширување и реконструкција на булеварот Никола Карев се реализираше во две фази, a градежните работи од оваа фаза се извршуваа на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин Поток во вкупна должина од 980 метри. Со овој проект постојниот коловоз се прошири на 4 сообраќајни ленти, со разделно зеленило и нови мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни.

Станува збор за исклучително фреквентна сообраќајница која е најмногу искористена од жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница користена е и од оние што само минуваат низ овој дел на градот. Оваа сообраќајница ќе се надоврзе и на новата клучка кај Момин Поток чија изведба ќе започне наредната недела, а со нејзиното завршување очекуваме значително да се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот – кажа Шилегов.

На булеварот Никола Карев, во оваа втора фаза од реконструкцијата, се изведе и нова атмосферска канализација и потпорен ѕид во должина од 690 метри, а поставено е и ново лед осветлување од двете страни. Вкупната инвестиција во втората фаза на овој проект изнесуваше околу 160 милиони денари.

За потсетување, минатата пролет Градот Скопје ја заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од клучката кај Бит-пазар до крстосницата кај касарната „Илинден“ во вкупна должина од 1.440 метри.

Градоначалникот Шилегов им се заблагодари на граѓаните за нивното трпение додека се извршуваа градежните работи, а најави дека од нередната недела ќе започнат и градежните работи за клучката кај Момин поток како и на повеќе други локации, протоа апелирајќи граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи и да ги следат информациите за привремен режим на сообраќај што ги објавува Градот Скопје.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри.

Заев: По 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид

Премиерот Зоран Заев во рамки на својата работна посета на Охридско-преспанскиот...

Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 км и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени 35% и градежните работи ги презема компанијата Штрабаг.

Бочварски: Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради!

„Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради. Оваа Влада покажа решителност...

Пренасочувањето ќе трае се до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на „БЕГ“, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до понеделник (26.07.2021 година).

АВТОБУСИТЕ ВО НАСОКА НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ЌЕ СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ

АВТОБУСИТЕ ВО НАСОКА НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ЌЕ СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ Почитувани...

Во наредните неколку месеци за сообраќај ќе биде забранета обиколницата од штипската приградска населба „Три Чешми“ до клучката кај петтиот километар, односно до мостот на реката Брегалница.

ОД ДЕНЕС СИТЕ ШТО ОД РАДОВИШ И СТРУМИЦА ПАТУВААТ КОН СКОПЈЕ, ЌЕ МОРА ДА ВОЗАТ НИЗ ШТИП

Од денес сите што од Радовиш и Струмица патуваат кон Скопје, ќе мора да возат низ Штип. Во...