И Европската Комисија со намалена прогнозата за раст на македонската економија, покрај заложбите на Владата

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2018 12:12

Во Собранието за денеска е најавено продолжението на расправата по предлог измените и дополнувањата на Буџетот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска во Собранието е најавено продолжението на расправата по предлог измените и дополнувањата на Буџетот, на второ читање. Согласно деловникот, расправата што започна вчера, може да трае најмногу три дена.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски претходно образложи дека ребалансот се базира на проекција за раст на БДП од 2,8 проценти, а буџетскиот дефицит е нерпоменет. Тој рече дека ребалансот опфаќа и  подобрување на фискалната позиција на општините, за што се предвидуваат три милијарди денари.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека власта со ребалансот значително ќе ги скрати средствата, најмногу во здравството, образованието и дека годинава повторно ќе има промашување во проекциите за раст на македонската економија. 

Европската Комисија во најновата прогноза за растот на македонската економија за годинава е проектирана на 2,1 отсто. Во однос на проекцијата од мај годинава има намалување од еден отсто , кога Европската Комисија, прогнозираше раст на економијата од 3,1 процент. Во есенскиот извештај на Европската Комисија, за економиите на земјите членки на ЕУ и државите кандидати, се надедува дека следната година економијата на земјава ќе порасне за 2,8 отсто, а во 2020 година растот ќе изнесува 3,1 процент. Главни ризици и натаму се политичката состојба, но и нивото на инвестиции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Директорот на Царина и американската амбасадорка

Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот – Средба Агелер Николовски

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот...