среда, 19 февруари 2025

MK/ EN/ DE



На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија и Предлог на закон за медијација, двата во второ читање!

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 септември, 2021 9:31

Во Собранието продложение на 50-та седница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Собранието на Република Македонија денеска по две седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за образование, наука и спорт.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија и Предлог на закон за медијација, двата во второ читање.

На 26. седница, пак, на Комисијата пратениците треба да се изјаснат за потребата од носење на Предлог на закон за лековите, Предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, сите во прво читање.

Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледа Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, во прво читање, а потоа и предлог на законите за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и на Законот за Бирото за развој на образованието, исто така во прво читање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постапка за оценување на стажот на јавните обвинители додека се членови на Советот на јавни обвинители – Уставен ја прифати иницијативата на обвинителката Ристовска

Уставен поведе постапка: На скандалозен начин се унапредувале обвинители

Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите....


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.