
Вести
Избори 2020
Дуи во Собранието влегува со нови пратеници а меѓу нив е Исмаил Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко Петрол“, но ова е засега според непотврдената проекција која на ДУИ му овозможува 15 мандати во законодавниот дом, објавува Фактор.мк.
Јахоски, инаку актуелен градоначалник на Пласница, е на второто место на кандидатската листа за изборната единица 5, од каде што во Парламентот влегуваат уште Талат Џафери и Арбана Пашоли.
Од изборната единица 1 влегуваат Изет Меџити и Арбен Зибери, сега веќе поранешниот директор на Центарот за јавно здравје – Скопје, кој беше разрешен неодамна пред самите парламентарни избори на барање на министерот за здравство, Венко Филипче, откако ја злоупотреби функцијата во кампањата.
Зибери мораше да ја напушти функцијата откако пласираше неточни изјави во јавноста со што го наруши угледот на членовите на Комисијата за заразни болести.
Од ИЕ2 влегуваат Арбер Адеми, Берат Ајдан и Мерита Коџаџик, а од „шестката“ се Али Ахмети, Флорин Фаит, Арта Биљали-Зендели, Насер Нуредини, Бајрам Реџепи, Вјолца Љатифи-Адам и Бајрам Кадрија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.