
Македонија
Сообраќај
Дваесет годишно момче од село Слатино – Дебрца, го загуби животот во сообраќајна незгода што попладнево се случи на планинскиот премин Плетвар.
Како што информираат од СВР Битола, сообраќајната незгода се случила околу 17 часот на патот Прилеп – Градско. Во неа учествувале мотор „Јамаха“ и патничко возило „Фиат Типо“ со битолски регистарски таблици.
На местото на настанот загинал возачот на моторот М.М. роден 1998 година во село Слатино – Дебрца. Со полесни повреди се здобила жената која го управувала возилото Фиат во кое бил и нејзиниот сопруг, инаку и двајцата од Крушево.
На местото на настанот извршен е увид.
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Штип-Радовиш во близина на клучката кај село Љуботен, во која 51-годишна виничанка им подлегнала на повредите, а четири лица се повредени.
Несреќата се случила во 19 часот и 35 минути меѓу патнички возила „Мерцедес“ со винички таблички и „Ауди“ со струмички регистерски таблички, кои се движеле во спротивни правци.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА информира дека во „Мерцедесот“ со телесни повреди се здобиле возачот 54- годишниот М.В и 29-годишниот В.В, додека сопатничката В.В со тешки телесни повреди е хоспитализирана во штипската Клиничка болница и покрај укажаната лекарската помош во 23:30 часот им подлегнала на повредите.
Во возилото „Ауди“ со тешки телесни повреди се здобил 38-годишниот возач Т.Б од Струмица, кој е пренесен на Клиниките во Скопје. Повреден бил и неговиот сопатник 49-годишниот Т.А.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.