ЛЕВИЦА го честита денот на Светите Кирил и Методиј: чест е да се учи и пишува на македонски јазик, јазикот - темелник на словенската писменост, и нема да отстапимеод тоа право ниту за стапка!

Објавил: Сара Фемина | 24 мај, 2021 11:50

Во спомен на светите браќа, Кирил и Методиј

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

1158 години нè делат од почетокот на Моравската мисија. Толку има поминато од времето кога Константин, подоцназамонашен како Кирил, ја создал глаголицата, писмозасновано на јазикот што го говореле Словените одоколината на Солун, македонските Словени.

Земајќи ја предвид посветеноста и самопожртвуваноста насесловенските просветители при извршувањето на оваамисија  (за двајцата ширењето на словенската писменостсе претворило во доживотна задача, и едниот и другиот сеупокоиле додека ја исполнувале оваа света должност), голем број слависти сметаат дека коренот на таапосветеност лежи во нивното, најверојатно, словенскопотекло.

Светите Кирил и Методиј се основоположници наконтинуитетот на македонскиот јазик  затоа штостарословенскиот јазик како прв книжевен јазик наСловените е заснован токму на говорите на македонскитеСловени од Солунско. Оттука и почитта кон нивното делокако дел од нашата традиција и култура која трае низвековите.

Денес, по речиси дванаесет века, повторно, по којзнае којпат, исправени сме пред предизвикот да се бориме запросвета и вистина. Денес квинслинзите се обидуваат надрзок и брутален начин да посегнат по книгите коидвајцата браќа по цена на сопствениот живот ни гиставиле во рака. На потомците на тие, чиј јазик е вграденво темелот на словенската писменост им се спори правотона светлина на знаењето, односно истата се жртвува нажртвеникот на дневна политика и лични, лукративниинтереси.

Националното достоинство на македонскиот народ е уништожено до крајни граници од нивното неуко, самоделско дејствување со самобендисаност втемеленатокму врз бездната на епското незнаење и непризнавањена сопствениот корен. Од нивна перспектива, перспективана паразитски билки кои вегетираат црпејќи сила одкоренот на својот домаќин, тоа е сосема логичноповедение. Паразитот ниту не знае дека мора да се имакорен кој напојува со животворен сок!

Но, ние знаеме. И знаеме кој ни е коренот. Со секојизречен или напишан збор, се потврдуваме, јааргументираме својата самобитност, својот идентитет.

ЛЕВИЦА го честита денот на Светите Кирил и Методиј: чест е да се учи и пишува на македонски јазик, јазикоттемелник на словенската писменост, и нема да отстапимеод тоа право ниту за стапка!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ
24 мај, 2021

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Откако ја поминаа првата бариера поставена од полицијата, дел од лицата се обидоа преку приватни имоти и дворови да стигнат пред зградата на ДУИ.

ХАОС ВО НАЈАВА: Демонстранти во Тетово се судрија со полицијата, бараат оставка од Заев

Во Тетово денеска се одржа протестен марш од кој учесниците побараа одговорност поради...

Заев посочи дека двете земји споделуваат уште една стратегиска цел–пристапувањето во членство во ЕУ!

Заев и Курти: Имаме силна политичка волја да ги засилиме и продлабочиме билатералните односи и соработката во сите области

Претседателите на Владите на Република Македонија и на Косово Зоран Заев и Албин Курти...