Увозот на енергенсите во текот на оваа година во Србија достигнал вредност од 3,1 милијарда евра, што според податоците на НБС е за 3,1 милијарда евра повеќе отколку во првата половина од минатата 2021 година.

Објавил: Мате Парлоф | 18 август, 2022 7:18

Во Србија инфлацијата е 12,8 отсто поттикната од цените на храната и енергенсите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Инфлацијата во Србија во јули била на нивото од 12,9 отсто, од што повеќе од две третини од растот се последица од влијанието на цените на храната и енергенсите, соопшти во средата Народната банка на Србија (НБС).

Увозот на енергенсите во текот на оваа година во Србија достигнал вредност од 3,1 милијарда евра, што според податоците на НБС е за 3,1 милијарда евра повеќе отколку во првата половина од минатата 2021 година.

Според НБС, инфлацијата ќе биде на годишниот врв најверојатно кон крајот на септември, кога се очекува пад, изјави на прес-конференцијата челничката на српската национална банка Јоргованка Табаковиќ на претставувањето на августовскиот извештај за инфлацијата.

На растот на цените во третото тримесечје, во прв ред, ќе е влијаат високите трошоци на производството поради поскапувањето на енергенсите, потоа високите цени на земјоделските производи и индустриските суровини, како и значителниот раст на производните це и на трговските партнери на Србија од еврозоната, се наведува уште во извештајот на НБС.

Очекувањата на централната банка, според гувернерката Табаковиќ, се дека на постепеното опаѓање на инфлацијата, по нејзината највисока точка кон крајот на септември, ќе се рефлектираат заострувањето на монетарните услови, слабеењето на глобалните фактори кои влијаат на цените на храната и енергенсите, како и мерките на српската влада за ограничување на некои цени.

Во извештајот за инфлацијата се истакнува дека НБС очекува и дека учеството на дефицитот во бруто домашниот производ (БДП) ќе порасне на 9,4 отсто, во прв ред поради растот на увозот и цените на енергенсите. И покрај тоа, Србија не се откажува од оптимистичките процени за растот на БДП-то.

„Очекуваме дека тримесечните стапки на растот на БДП-то ќе останат позитивни, па не ги менуваме проекциите за растот во 2022 година од 3,5 до 4,5 отсто. Најниската коригирана проекција на растот за 2023-та е за половина процент помала од 2022-ра“, рече Табаковиќ.

Додаде дека централната банка и натаму очекува дека оваа година во земјата ќе пристигнат 3,3 милијарди евра нето директни странски инвестиции, истакнувајќи дека до крајот на јули приливот на директните странски инвестиции надминал две милијарди евра.

Српските девизни резерви кон крајот на јули изнесувале 15 милијарди евра, што се оценува како доволна сума за реагирање во случај на нови кризи, како што се пандемија на коронавирусот и војната во Украина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија


По овие најави веднаш почнаа градоначалници од редовите на Српската напредна партија да поднесуваат оставки. Тоа денес го направи и градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Тој најави дека формално се повлекува од таа функција, но дека посветено и посветено ќе го води Белград до денот на изборите и конечната проверка на довербата на граѓаните, соопшти градската управа.

„Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на град Белград, за да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември на белградско ниво“, изјави Шапиќ.

Овие најави доаѓаат по трагичните настани на северот на Косово, убиството на еден косовски полицаец и елиминацијата четворица луѓе од бунтовничката српска група. Јосип Јуратовиќ, шеф на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, во интервју за „Данас“ рече дека „прогласувањето ден на жалост за делата извршени од страна на паравоените структури од страна на Србите во Косово предизвика огромно згрозување не само во регионот, туку и во целиот свет. Дотолку повеќе што српските институции со прогласувањето на загинатите членови на паравоена организација ги поттикнуваат младите да направат сличен чин бидејќи тоа го гледаат како херојство. Овие убиени млади момци не се херои, туку жртви на неуспешните политики изградени врз лажни митови, кои триесет години ја прикажуваат Србија како недоверлив партнер“.

Тој оценува зошто дојде до оружената пресметка во селото Бањска.

„Очигледно е дека кој и да стои зад тој обид за неуспешен бунт на Србите во Косово, дека Вучиќ долгорочно ја создаде климата и беше само прашање кога ќе се случи нешто слично. Концентрацијата на моќ акумулирана од Александар Вучиќ дојде за наплата, бидејќи тој ја изгуби контролата врз целиот режим што самиот го создаде и стана жртва на сопствените амбиции“, вели Јосип Јуратовиќ.

Србија оди на избори на 17 декември

Шефот на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ, изјави...

Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Растат платите во Србија

Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра. Владата...

Администрацијата на манастирот тогаш донела одлука дека милоста веќе нема да се дава бидејќи манастирските резерви завршуваат. Лошата состојба во Русија можеби придонело за тоа, со помалку и помалку придонеси за самиот манастир.

ФОТОГРАФИЈАТА ОД СВЕТА ГОРА КРИЕ МИСТЕРИЈА: Ако ниту една жена не смее да се движи, тогаш која е таа – насликано ЧУДО во руски манастир

Фотографијата била направена на 3 септември 1903 година и била објавена од архивот на...