Потребно е мнозинство гласови односно шест

Објавил: Калина Мартинска | 7 октомври, 2024 15:45

Во среда одлука на Уставен за „балансерот“ – ќе се укинат ли етничките вработувања?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Уставниот суд, во среда ќе треба да донесе конечна одлука, по предлог постапката, за оценување на Уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување во државните институции, според националната припадност.

Владата ќе ја чека конечната одлука на Уставниот суд за балансерот

Уставниот суд на 18-ти септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата, којашто е потребна за пополнување, на секое работно место на кандидатите за административни службеници – им се ограничува достапноста, на секое работно место, односно  дали, со обврската на кандидатите во пријавата за вработување, да наведат и припадност на заедница, се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува уставно загарантираното право на работа, и слободен избор на вработување.

Мнозинството уставни судии меѓу кои не се судиите од заедниците, изрази сомневање, дека вработувањата според етнички клуч ги загрозуваат човековите права; слободното изразување, на национална припадност; и достапноста до работните места судот побара мислење од собранието, владата, и надлежните министерства.

Вработувањата во администрацијата отсега без балансер

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести