Скопско

Објавил: Калина Мартинска | 14 мај, 2024 19:08

Во Стајковци – со удари по главата ги убил братот и снаата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Двојно убиство се случи денеска во скопско Стајковци. На скалите и на терасата од семејна куќа со крвави рани на главите биле пронајдени В.К. (64) и С.К. (57), сопруга на еден од браќата на В.К. На лице место лекар констатирал смрт кај С.К., додека В.К. починал во скопскиот Клинички центар.

Настанот бил пријавен во СВР Скопје во 12.30 часот. Полицијата во 14 часот го пронашла Љ.К. (67), брат на В.К, кој имал убодни рани на телото и за кого постои сомневање дека го извршил убиството. Љ.К. е пренесен во болница заради пружање на медицинска помош, а инаку е лице со нарушено здравје.

Полицијата и обвинителството преземаат мерки за расветлување на случајот.

Oд скопското обвинителство информираат дека „јавен обвинител, заедно со т, и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат“.

Обвинителството нагласува дека причините се утврдуваат, а дека сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.

„Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција“, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Според тоа што може да се заклучи според раните, убиството е извршено со метална прачка, а осомничениот сторител со остар предмет се обидел да си го одземе животот.

Соседите велат дека се зачудени од крвавиот настан, потенцираат дека станувало збор за мирни луѓе. Живееле во иста куќа, во различни станови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...