Од почетокот на 2020 година – 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 март, 2021 17:42

ВО ТЕКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА – 446 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство информира дека минатата година беа реализирани 446 нови вработувања во јавноздравствени установи низ државата. Од почетокот на 2020 година – 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.

-Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа дури ни во време на пандемија. Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја. Се залагаме за подобрување на условите во кои тие работат и ги слушаме нивните потреби. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега, истакнува министерот Филипче.

Во изминатите три години, повеќе од 5.000 согласности се дадени за вработување во јавноздравствените установи и првпат се платени приватните специјализанти во висина од просечна плата на општ лекар со што тие се изедначуваат со статусот на нивните колеги.

Во септември 2018 година, за 5 отсто им се зголеми основицата за плата на 19.123 вработени во јавноздравствените установи. Во јануари 2019 година, следеше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари – 5% за медицинските сестри, 8% на медицинските сестри на клиниките и 10% за докторите специјалисти.
Во септември 2019 година, за 5% е зголемена платата на администрацијата во здравството.

Од февруари 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%. Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во февруари, 2020 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри меѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено, во новиот Закон за заштита на потрошувачите, донесен во СКРАТЕНА собраниска постапка со европско знаменце, на сите трговци во државата се наметнува обврска амбалажите, налепниците, сертификатите, декларациите, гарантните листови и останатата документација на производите да ја испишуваат и на албански јазик и неговото писмо.

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Владејачката...

Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и поранешниот министер за здравство Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања и и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија!

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО НОВА ИСТРАГА НА СЈО „ПАЦИЕНТ“

Во истрагата под кодно име „Пациент“, една од шесте што ги објави денеска Специјалното...

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Украдено возило на Итната помош од кочанската болница, полицијата го пронашла по петчасовна потрага

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото...

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

Со „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера попладне...